Browsing: Баерн Минхен

Баварците решија да ја активираат откупната клаузула од неговиот договор со „јорганџиите“ што изнесува 85 милиони евра и да го направат најскап дефанзивец во историјата на фудбалската игра. Досегашниот рекорд го држеше Вирџил ван Дајк кој од Саутемптон се пресели во Ливерпул за 78,8 милиони евра

Баварците се мачеа еден час, но завршија работа во само две минути за триумф над АЕК со 2:0, Јанг Бојс ремизира со шпанскиот ривал (1:1) иако Швајцарците, според играта во второто полувреме, ги заслужија трите бода

Баварците го декласираа Ајнтрахт во Суперкупот со 5:0 и тоа на неговиот стадион во Франкфурт. Главна ѕвезда на тревникот беше Роберт Левандовски. Полскиот репрезентативец го постигна првиот хет-трик во историјата на натпреварот

Борусија во Менхенгладбах ги совлада Баварците со 2:1 во последниот меч од саботната програма во рамки на 13. бундеслигашко коло за враќање на неизвесноста во борбата за највисок пласман на табелата. Борусија Дортмунд, пак, прокоцка четири гола предност во дуелот со Шалке за конени 4:4

Прекинот на соработката меѓу германскиот великан и трофејниот менаџер доаѓа по нецели 24 часа од убедливиот пораз на Баварците од екипата на ПСЖ со 3:0. Одлуката за раскинување на врската е донесена по состанокот меѓу клупската управа и Италијанецот по враќањето од Париз и објавена е на официјалната интернет страница на клубот од „Алијанц арена“

Марк Ут беше двоен стрелец на „Рајн Некар арена“ за голема радост на домашните додека Карло Анчелоти се обидуваше да избегне пораз и со Хамес Родригез кој го забележа првиот официјален настап за Баварците ниту, пак, Робен и Рибери кои ги испрати на терен во второто полувреме. Борусија Д. не успеа со играч повеќе до три бода против Фрајбург (0:0), Баер Л. поразен и од Мајнц

Сметка за бледите партии на Баварците во подготвителниот период плати Баер Леверкузен кој го положи оружјето на „Алијанц арена“. Тимот на Карло Анчелоти славеше со 3:1. Мечот во Минхен започна со едноминутен молк во чест на жртвите во терористичкиот напад во Барселона.