Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Милионерите“ банкротираа во Минхен: Баерн ја понижи Борусија со 6:0

0
By Нова ТВ on March 31, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 31, 2018 21:46

Баерн Минхен во стилот „да се знае кој е кој во Германија“. Баварците немаа милост кон Борусија и им посакаа „среќен пат“ на „милионерите“ со полна мрежа голови. Лидерот на бундеслигашката табела ги понижи „жолто-црните“ од Дортмунд со 6:0 во дербито на 28 рунда како одлична наваја за претстојниот судир со Севилја во четврт-финалето во Лигата на шампиони.

А, какво попладне го очекува гледачите на „Алијанц арена“ навести Роберт Левандовски во раната фаза на мечот. Полскиот репрезентативец уште во петтата минута го постигна првиот од своите три гола на натпреварот. Погоди по асистенција на Томас Милер, а до паузата реализира и во 44 минута. Во меѓувреме, во листата на стрелци се запишаа и Родригез во 14., Милер во 23, во судиското надополнување и Рибери за комплетирање на „петардата“ на Баерн пред продолжение на средбата.

Борусија делуваше тотално отсутно на теренот, безидејно, неповрзано, порозно. Се обиде да постигне барем почесен погодок во вториот дел на горчливото гостување во Минхен што не им појде од нога на нејзините напаѓачи. Но, затоа му појде на Левандовски кој во 87 минута го заокружи хет-трикот и голеадата на „Алијанц арена“.

Баерн Минхен е убедлив лидер во Бундеслигата со 69 бода, дури 17 повеќе од Шалке на втората позиција и 21 од Борусија Дортмунд на третата.

Бундеслига

Резултати, 28 коло

Баерн Минхен – Борусија Дортмунд 6:0

Штутгарт – Хамбургер 1:1

Шалке – Фрајбург 2:0

Хофенхајм – Келн 6:0

Хановер – Лајпциг 2:3

Баер Леверкузен – Аугсбург 0:0

Херта – Волфсбург (играат во моментот)

Недела

Вердер – Ајнтрахт Франкфурт (15,30 ч.)

Мајнц – Борусија Менхенгладбах (18 ч.)

Табела: Баерн Минхен 69, Шалке 52,  Борусија Дортмунд 48, Лајпциг 46, Баер Леверкузен 45, Ајнтрахт Франкфурт 45 (-1), Хофенхајм 42, Штутгарт 38, Аугсбург 36, Борусија Менхенгладбах 36 (-1), Херта 35 (-1), Вердер 33 (-1), Хановер 32, Фрајбург 30, Волфсбург 25 (-1), Мајнц 25 (-1), Келн 20, Хамбургер 19.

Баерн Минхен Борусија Дортмунд Бундеслига Роберт Левандовски фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

ВЕСТИ May 26, 2026

Албанија влегува во нова, финална фаза од преговорите со Европската Унија.

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.