Баерн Минхен киксира, Борусија Дортмунд се фиксира на врвот на табелата во Бундеслигата по мечевите од 10 рунда. Баварците имаа разочарувачки настап на „Алијанц арена“ против Фрајбург што го завршија со реми – 1:1. Составот на Нико Ковач дури во 80. минута успеа да го пробие противничкиот бедем и со голот на Серж Гнабри да поведе со 1:0, но радоста на домашните траеше кратко. Само девет минути подоцна Лукас Холер израмни за бод како планина на гостинската екипа.

Борусија Дортмунд со минимални 1:0 славеше на гостувањето кај Волфсбург и ја зголеми предноста во однос на Баерн Минхен на четири бода. Погодокот за три бода на „милионерите“ беше дело на Марко Ројс во 27. минута.

Бундеслига, 10 коло

Волфсбург – Борусија Дортмунд 0:1

Баерн Минхен – Фрајбург 1:1

Баер Леверкузен – Хофенхајм 1:4

Шалке – Хановер 3:1

Аугсбург – Нирнберг 2:2

Штутгарт – Ајнтрахт Ф. 0:3