Баерн Минхен пропушти прилика да остане единствена екипа со стоотстотен ефект во Бундеслигата по три одиграни кола. Или подобро речено Хофенхајм не го дозволи тоа. Малиот клуб од покраината Баден-Виртемберг ја надигра и порази „гордоста на Баварија“ со 2:0 во последниот меч од саботната програма во германско фудбалско првенство. Марк Ут беше двоен стрелец на „Рајн Некар арена“ за голема радост на домашните додека Карло Анчелоти се обидуваше да избегне пораз и со Хамес Родригез кој го забележа првиот официјален настап за Баварците ниту, пак, Робен и Рибери кои ги испрати на терен во второто полувреме.

Баер Леверкузен останува да чека на првиот триумф во сезоната. „Фармацевтите“ загубија по вторпат, сега од Мајнц со 3:1 и со само еден освоено бод се наоѓаат на 16 позиција на табелата.

Во киксевите на фаворитите и Борусија Дортмунд. „Милионерите“ одиграа 0:0 на гостувањето кај Фрајбург, а во обидите за освојување на три бода не помогна ниту играчот повеќе што го имаа на терен од 29 минута во која црвен картон доби Јорик Раве.

Бундеслига, 3 коло

Хофенхајм – Баерн Минхен 2:0

Волфсбург – Хановер 1:1

Мајнц – Баер Леверкузен 3:1

Фрајбург – Борусија Дортмунд 0:0

Борусија Менхенгладбах – Ајнтрахт 1:1

Аугсбург – Келн 3:0

Хамбургер – Лајпциг 0:2

Недела

Херта – Вердер (15,30 ч.)

Шалке – Штутгарт (18 ч.)

Табела: Борусија Дортмунд 7, Хофенхајм 7, Хановер 7, Лајпциг 6, Баерн Минхен 6, Хамбургер 6, Аугсбург 4, Борусија Менхенгладбах 4, Ајнтрахт 4, Волфсбург 4, Шалке 3 (-1), Мајнц 3, Херта 3 (-1), Штутгарт 3 (-1), Фрајбург 2, Баер Леверкузен 1, Вердер 0 (-1), Келн 0.