Browsing: Барселона

Тинејџерот кој во четврт-финалето на ланското издание на Лигата на шампиони ја елиминира токму „старата дама“ ќе добие договор на пет години, неговата плата по сезона ќе изнесува меѓу 15 и 20 милиони евра, а тимот од Амстердам, чиј капитен беше досега, ќе заработи 70 милиони евра од трансферот

Спектакуларната, но недовршена црква која во 2005 година беше ставена на листата на УНЕСКО како светско наследство, годишно ја посетуваат повеќе од четири милиони луѓе. Се проценува дека изградбата на црквата ќе чини околу 374 милиони евра

„Црвено-црните“ по вторпат ги „исчистија“ Каталонците во полуфиналните пресметки во Келн. По триумфот во 2017 година со 26:25, вардарци попладнево повторно го елиминираа шпанскиот гигант со 29:27 и ќе играат против Веспрем во утрешното финале за титула во Лигата на шампиони (18 ч.)

„Црвените“ без Салах и Фирмино ги понижија Каталонците со 4:0 и втора година по ред ќе играат за титулата. По два гола на Вајналдум и на Ориги за огромно славје во градот на Битлси. Против кого ќе играат на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид на 1 јуни ќе дознаат утревечер (21 ч.) по реваншот меѓу Ајакс и Тотенхем. Мечот се игра во Амстердам, холандскиот тим има минимнални 1:0 од првата средба во Лондон

Каталонците славеа со 3:0 во првиот полуфинален меч во ЛШ што долго ќе остане во меморијата на Аргентинецот. На овој ист ден пред 14 години го постигна првиот гол за Барса, денеска му пресуди на Ливерпул со два со кои стигна до бројката од јубилејни 600 во кариерата. Притоа по јубилеен 100 пат ја носеше капитенската лента

Каталонците триумфираа против Нант на Кире Лазаров со 32:25 и, речиси, се сигурни учесници на Фајналфор пресметките во „Ланксес арена“ во Келн на 1 и на 2 јуни. Веспрем, пак, славеше на мегданот на Фленсбург со 28:22

„Копјаниците“ од Амстердам го совладаа Јувентус во Торино со 2:1 и се пласираа меѓу најдобрите четири во елитното натпреварување на УЕФА. Противник на Ајакс во полуфиналниот двомеч ќе биде подобриот од дуелите меѓу Манчестер сити и Тотенхем. По минималниот триумф на Барселона на „Олд Трафорд“ во првиот меч, Каталонците победија и во реваншот на „Камп Ноу“ со 3:0