Browsing: Благоја Милевски

На трите бода од Подгорица во четвртокот против Црна Гора, „надежите“ додадоа уште еден по ремито (1:1) на домашен терен со Казахстан и со вкупно седум се трети на табелата во шестата квалификациска група за ЕП 2021. Наредниот месец ги очекуваат два гостувања кај дијаметрално различни противници. На 14 ноември ќе играат против Шпанија на стадионот „Санто Доминго“ во Алкоркон, а пет дена подоцна во Торшавн ќе го одиграат реваншот со Фарски Острови

По испишаната историја во квалификациите за Европското првенство во 2017 година и пласманот на завршниот турнирот во Полска, тренерот со две титули со Вардар во 2013 година (првенство и Суперкуп), во обид за нов подвиг со надежите

Човекот кој го направи најголемиот успех со националниот тим У21 (пласман на ЕП 2017) го наследува Јоси Мизрахи во екипата во чиј дрес настапуваше од 2001 година до 2004 година. Израелскиот прволигаш е формиран во 1999 година, а сега го доби само вториот странски предводник во историјата по Англичанецот Џон Грегори

По скапото октомвриско луксузирање со тешко стекнатиот рејтинг, новата генерација на младата фудбалска репрезентација на Македонија е пред нов испит во квалификациите за ЕП 2019 во Италија и во Сан Марино. Дуелот на „црвено-жолтите“ со нивните австриски врсници е утре попладне (13 ч.) на „Телеком арена“

Селекторот со самокритичност и извинување до целокупната јавност, навивачите и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) по шокантниот пораз на младата репрезентација од Гибралтар во квалификациите за ЕП 2019

Предводникот на генерација која го постигна најголемиот македонски репрезентативен успех со пласман на ЕП 2016 останува на кормилото на младата селекција до ЕП 2019. Притоа објави и список со 22 играча за дуелите со Србија (6 октомври во Скопје) и со Гибралтар (10 октомври во Португалија) меѓу кои за првпат е голманот на Оклахома од САД

Меѓу повиканите 21 играч ги нема Јевтовски кој е без ангажман, Доријан Бабунски и Калвин Н’Сонго кои се без минута во своите клубови и Елиф Елмас и Никола Ѓорѓев кои се повикани од Игор Ангеловски во сениорскиот тим за дуелите со Израел и со Албанија во квалификациите за СП 2018

Македонија го заврши учество во Полска со реми и два пораза. Освоен е еден бод, постигнати четири гола и примени 11. Половина од реализациите ja потпиша Енис Барди, другата половина ја поделија Никола Ѓорѓев и Кире Маркоски. Играчкиот впечаток е во рамки на очекувањата, на моменти и над нив, резултатски е неважен бидејќи на Европското првенство се замина без никаков притисок и императив и со единствена намера да се биде и фактор, а не само да се одигра колку што ќе дозволи противникот

Балканската пресметка во групата Б е закажана за 18 часот во Бидгошч каде двата тима гледаат прилика за први голови и победа на турнирот по стартните порази од Шпанија, односно, Португалија. Пиринејските репрезентации, пак, од 20,45 часот во Гдиња ќе се судрат за првото место на табелата