Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николов: Со реприза на нивото со Шпанија по резултат против Србија

0
By Нова ТВ on June 20, 2017 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 20, 2017 13:27

Македонија денеска во втор настап на Европското првенство за млади фудбалери во Полска. Ривал на избраниците на Благоја Милевски е селекцијата на Србија. Балканската пресметка во групата Б е закажана за 18 часот во Бидгошч каде двата тима гледаат прилика за први голови и победа на турнирот по стартните порази од Шпанија, односно, Португалија. Пиринејските репрезентации, пак, од 20,45 часот во Гдиња ќе се судрат за првото место на табелата.

„За ниту еден од нас не е завршено првенството и покрај убедливиот пораз од Шпанија во првото коло. Денешниот дуел со Србија е клучен. Свесни сме дека ќе биде тешко, за противник го имаме светскиот шампион до 20 години, но ние сме навикнати на тоа. Веруваме дека можеме да се вратиме и на играчки и на резултатски план. Се надевам дека ќе бидеме на ниво од претходниот натпревар во ова балканско дерби и резултатот ќе биде во наша корист“, порача Бобан Николов.

Младите фудбалски репрезентации на Македонија и Србија по третпат ќе играат за бодови по разделбата на северниот сосед со Црна Гора, покрај неколкуте пријателски. Двете селекции беа заедно во група во квалификациите за ЕП 2013. Србите славеа со 5:1 во септември во 2012 година и подоцна се пласираа на завршниот турнир, Самир Фазли тогаш беше стрелец на единствениот гол за „црвено-жолтите“ на стадионот на Младост во Крушевац. Мечот на домашен терен во истиот циклус заврши 1:1 (Ферхан Хасани реализира од пенал).

Македонија има два пораза од Србија како дел од заедницата СР Југославија во квалификациите за ЕП 2000. Противникот триумфира во Белград со 2:0 и со 8:0 во Скопје.

Селекторот Благоја Милевски призна дека ќе биде тешко да се врати тимот по убедливиот пораз од Шпанија, но по слободниот ден што го добија фудбалерите и она што го видел на тренинзите пред дуелот со Србија, сепак, изрази верба за повторување на изданието со „фуријата“.

„Знаеме дека имаат одлични поединци кои настапуваат со средини како Германија, Италија, Англија меѓутоа она на што сме фокусирани е нашата игра. По поразот од Шпанија им реков на играчите да држат горе глава и да продолжат да веруваат во сопствените квалитети. Продолжуваме со тимски дух како што беше пред натпреварот со Шпанците иако поразот има горчлив вкус. Одиме офанзивно бидејќи поинаку не сакаме и не знаеме. Ако против Шпанија имавме 24 успешни напади, сигурно можеме и против Србија“, порача Милевски од Бидгошч.

Вчера се одигра второто коло во групата А. Англија ја совлада Словачка со 2:1 и го презеде врвот на табелата, а Полска и Шведска одиграа 2:2.

Благоја Милевски Бобан Николов ЕП 2017 Македонија Србија У21 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.