Browsing: Бојан Јовановски

Обвинителката потсети на денот кога сведокот Јордан Камчев (осомничен во ,,Империја”) го пријавил случајот во Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција и рече од тоа што го слушнала мислела дека е во некој лош сон. Следното рочиште е закажано за 1 јуни на кое завршни зборови треба да даде одбраната

Првообвинет е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај второобвинетата Катица Јанева, поранешна специјална обвинителка, за бизнисменот Јордан Камчев, осомничен во предметот „Империја”, да добие поблаги мерки во истражната постапка за што во обвинението се тврди дека земал 1,5 милиони евра. Судењето почна на 3 декември лани и уште на првото рочиште третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец го призна делото и доби тригодишна затворска казна

Ова е обелоденето на денешното рочиште за случајот „Рекет“ што продолжи со изнесување на докази на одбраната. Снимката била направена во домот на поранешната специјална обвинителка со мобилен телефон со пари на масичка пред неа

Судењето за „Рекет” денеска е затворено за јавност. Претседателот на судечкиот совет, Васка Николовска Мазнева, на почетокот на рочиштето ја исклучи јавноста поради презентација на снимки во кои, како што рече, има содржини од приватниот живот на дел од обвинетите

Самостојна интерпретација е дека стануваа збор за разговори меѓу Јордан Камчев и Бојан Јовановски. Тоа не може да се утврди. Нелегална снимка не може да се користи како доказ врз кој ќе се заснова пресудата“, реагираше адвокатот Дуковски

Судијката Николовска-Масевска, по оваа барање, даде 30 минути пауза за Бојан Јовановски да биде прегледен од екипи на Брза помош. По пауза од половина час и по одлуката на лекарскиот тим ќе се знае дали ќе продолжи денешното рочиште

На претходното рочиште беа прикажани снимки од камерите во куќата на Јордан Камчев, bеше пуштена снимка од необјавена емисија „Инсајдер” и преку 20 фискални сметки на Боки 13 со вкупен износ од 148.000 евра направени за три дена во Италија

Од гардероба се одземени 77 пантолони, 50 пара кондури, 15 пара патики, 15 пара чизми, 50 пара наочари, три часовника од марката ,,Ролекс”, ташни, маси, теписони, украси сваровски и други предмети. Во домот на Јасминка Јовановска, мајка на обвинетиот Јовановски, се одземени 100 банкноти од по 50 евра, рече обвинителката Трајчева