Browsing: болници

Тој што има да плати ќе преживее, а другите додека можат да издржат. Толку може ова здравство. Во држава која се декларира како социјална! Да, ова е Македонија и тука треба голема среќа да се остане жив!

Но, целта на секоја држава е да има помалку болни. Да се намали процентот на заболени од рак, да се намали смртноста на новороденчињата, на родилките, да се елиминираат причинителите. Зарем, тоа не е примарна работа на една држава за да има здрава нација и помалку трошоци?

Во целата таа еуфорија на пуштање на нови апарати, камерите ниту за момент не се свртеа на другата страна. Да ја снимаат мизеријата во болниците.Но, не сега не е време тоа да се прикажува. Сега се остварува 24 часа, 7 дена во неделата. Да, сега е време за мајтапи со народот