Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Болничките капацитети полни, кадрите истоштени

0
By Нова ТВ on June 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 17, 2020 10:10

Даваме се од себе, не се откажуваме, но преморени сме. Ова е најчестата изјава на здравствените работници кои повеќе од три месеци се на работните места и секојдневно ја водат битката со коронавирусот, се забележува во текстот на „Дојче Веле“. Зголемениот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на јуни, како што велат, не им дал можност „да земат здив”.

Болничките капацитети секојдневно се полнат. Во Градската општа болница „8 септември“ хоспитализирани се 120 пациенти, на Клиниката за инфективни болести 90, во битолската болница 27, во штипската 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани над 70 пациенти.

Вирусот од вчера влезе и во осма текстилна фабрика во Штип, каде се регистрирани три позитивни случаи на Ковид-19, а уште десетина работници се ставени во изолација. Загрижувача е состојбата и во Ресен. Од општина без ниту еден заболен во изминатите три месеци, семејна прослава на православниот празник Спасовден создаде нов кластер на заразени. За една недела се регистрирани 32 лица позитивни на Ковид-19, а во изолација се уште 110 кои имале контакт со нив. Едно лице пред четири дена почина во битолската болница.

Потребни кадри со искуство

На инфективните одделенија во болниците каде што има можност да се прошират капацитетите за прием на новозаразени, се соочуваат со друг проблем – нема соодветен средномедицински кадар со искуство за вакви состојби. Таков е случајот во Куманово, каде има заболени здравствени работници од досегашните тимови.

И не само таму. Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, тројца анестезиолози, тројца интернисти, 25 медицински сестри и пет болничари се заразени со коронавирус, објави МИА повикувајќи се на информации од Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести заразени се двајца здравствени работници.

Овие две јавни здравствени установи изминатите денови беа засилени со кадар. По систем на ротација на Инфективната клиника се дојдени пет лекари – тројца од клиниките за кардиологија, ендокринологија и од Институтот за туберкулоза, еден од Клиничката болница во Тетово и еден од Општата болница во Охрид, како и 27 медицински сестри од Специјалната болница „Јасеново“ и од болниците во Кавадарци, во Кочани и во Кичево.

Тимот во ГОБ „8 септември“ е зајакнат со шест лекари – двајца од клиниките за ревматологија и нефрологија, двајца од Кичево и по еден лекар од болниците во Отешево и во Гостивар. Оваа јавна здравствена установа се зајакна и со 20 медицински сестри од Струга, од Велес, од Отешево, од Гевгелија и од Специјалната болница „Лешок“. Од почетокот на пандемијата во земјава над 300 здравствени работници беа позитивни на вирусот.

Монтажните болници пред Клиниката за инфективни болести се подготвени, но сè уште немаат примено ниту еден пациент.

Владата на вчерашната седница ја дополни уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба. Како што беше наведено во соопштението, сега и приватните здравствени установи, во рамките на вршењето на дејноста интензивна нега и терапија, ќе може да укажуваат здравствени услуги и за заразната болест Ковид-19 за пациентите примени во установата, а кај кои во текот на укажувањето на здравствените услуги за дијагностицирање, лекување, третман, нега и рехабилитација во установата е утврдено присуство на вирусот.

Раст во регионот

Но, она што загрижува, особено откако се отвораат границите во регионот, е зголемениот број на новозаразени и во соседните земји. Во Бугарија во последното деноноќие од 2.045 тестирања се регистрирани 112 нови позитивни на Ковид-19 и пет починати. Во Косово по завчерашните 109 новозаразени и по вчерашните 397 тестирања се регистрирани 141 позитивен случај на вирусот. Во Србија вчера беа регистрирани 59 нови случаи. Во Албанија по завчерашните 69 и вчерашните 82, властите предупредија дека ако граѓаните не ги почитуваат мерките за заштита, ќе мора повторно да се воведе карантин.

Растот на новозаразени од Ковид-19 во регионот, според неофицијални најави, може да ги промени можностите за патувања на државјаните од овие земји и во оние, ретки држави, кои останаа отворени за влез, а кои поради превентива периодично ја ревидираат дадената можност.

болници ГОБ „8 септември“ Инфективна капацитети Коронавирус Медицински персонал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.