Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракометна Битола слави: Премиерна победа на Еурофарм Работник во ЛШ

0
By Нова ТВ on October 13, 2019 СПОРТ
Фото: rkeurofarmrabotnik.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 13, 2019 21:56

Еурофарм Работник ја слави премиерната победа во ракометната Лига на шампиони во клупската историја. Битолските „фармацевти“ во салата „Боро Чурлевски“ го совладаа фински Рихимаен Кокс со 31:30 (полувреме 17:13). Дебитантот во ЕХФ клупската елита беше подобар ривал и заслужено ги запиша првите бодови во групата Ц.

Но, предноста од четири гола на паузата не значеше комотно второ полувреме. Напротив. Составот на Стевче Алушовски и овојпат западна во „црни минути“, па залихата се топеше како што одминуваше време. Финците успеаја да креираат неизвесна завршница и дојдоа до 30:30, но Гоце Ојлески се погрижи за 31:30 и хепиенд за македонскиот претставник, откако и Никола Митревски го одбрани обидот за израмнување во „седум на шест“ нападот на Кокс.

Еурофарм Работник се искачи на четвртата позиција во групата Ц со два бода колку што има и екипата од Финска. Минималниот триумф на битолчани доаѓа по трите минимални порази во претходните рунди од Спортинг Лисабон (29:30), од Савехоф (24:25) и од Бидасоа Ирун (25:26).

Најефикасен ракометар на битолчани беше Украинецот Владислав Остроушко со осум гола, Гоце Ојлески додаде пет, а кружниот напаѓач од БиХ, Елмир Граѓан четири. Еурофарм Работник ќе игра на домашен терен и во наредното коло против словачки Татран Прешов на 20 октомври.

Еурофарм Работник Лига на шампиони ракомет Рихимаен Кокс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.