ВИДЕО: Борисов ја повика ЕУ да ги отвори портите за Македонија

Македонија е камен темелник на Балканот и ако се размрда, се размрдува целиот Балкан. Јас мислам дека Бугарија и бившата Република Македонија дадоа особен пример за тоа дека на Балканот има држави што со такт и добри намери можат да решаваат проблеми и да не доаѓаат кај вас со нивните проблеми. Договорот за добрососедство кој со децении, иако се работеше на него, не се усвојуваше, се потпиша пред неколку дена, завчера македонскиот Парламент го ратификуваше а се надевам тоа ќе го направи и бугарскиот. Премиерот Заев беше храбар, како и ние. И сега искрено се надеваме дека меѓу Скопје и Атина ќе се заврши процесот за името затоа што тоа ќе даде голема перспектива за Скопје, ова не го кажувам случајно туку да не ги иритирам колегите од Грција. Треба да се даде перспектива за НАТО и ЕУ. Ова е место камен темелник на Балканот и ако се размрда, се размрдува целиот Балкан.

Верхофстад: Доналд Трамп е закана за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп е закана за Европската Унија, смета преговарачот за Брегзит од Европскиот Парламент, Ги Верхофстад. Верхофстад во говор од Лондон порача дека Унијата...