Ќучук: Северна Македонија треба да има политичка Влада и Парламент што е можно побрзо

Известувачот за земјава во Европскиот парламент говори за потребата од организирање на фер и демократски избори што е можно побрзо, за државата да може да има функционална Влада која ќе може да сноси одговорност и Парламент, кој ќе може да ја контролира нејзината работа. Ќучук притоа се осврнува и на несогласувањата меѓу Скопје и Софија и најавите за можна блокада на преговорите за членство од страна на Бугарија и повикува заедничката историска комисија да продолжи со својата работа, додека пак политичарите, вели тој, треба да се занимаваат со иднината

Европарламентот ќе бара одговори од ЕК за унгарските пари во македонски медиуми

Унгарските финансиски операции во словенечките и македонските медиуми ќе се најдат на дневен ред пред европските пратеници на пленарна седница. Европскиот Парламент ќе дебатира за „унгарското...

Лажните вести во нова офанзива: Европските избори се мета на напади

Владите на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) создадоа „тимови“ за спречувањето на феноменот со лажни вести. Европската комисија објави правила за справување со дезинформации. Се придружи и Фејсбук кој отвори т.н. воена соба со 40 вработени лица во Даблин за да се запре ширењето на лажните приказни на интернет

Избори за Европски парламент: Денеска се гласа во Летонија, во Малта и во Словачка

Во новиот состав на Европскиот парламент, Словаците ќе имаат 13 пратеници, Летонците осум, а Малтежаните шест. Изминатите два дена гласаа жителите на В. Британија, на Холандија, на Ирска и на Чешка, утре се изјаснуваат останатите земји членки на Европската унија. Изборите почнаа во четвртокот, ќе траат до недела вечер и право на глас имаат 418 милиони луѓе низ Европската унија. Ова се едни од најголемите демократски избори во светот

Почна изборната кампања за Европскиот парламент

Гласањето е закажано од 23 до 26 мај, дел од западните медиуми коментираат дека оваа година би можела да биде пресвртница во пост-воената европска политика пришто некои традиционални политички сили ќе станат слаби, додека екстремистичките, популистички партии би можеле да добијат повеќе влијание и да се вклучат во машинеријата на ЕУ

Лазаревски и Костовски – номинирани за награда на Европскиот парламент

Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, вработените во УБК кои го открија скандалот со прислушувањето во Македонија, се  номинирани како  укажувачи за наградата која ја доделува Европскиот парламент. Мотото...