Browsing: фестивал

Улогите во претставата ги толкуваат Кети Борисовска, Маја Љутков, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски. Почетокот на претставата е во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, со забелешка дека претставата не е препорачлива за лица помлади од 16 години

Во текот на наредните 28 фестивалски денови, на отворените сцени на Античкиот театар, Долни Сарај, предворјето на „Света Софија“, како и самата црква ќе има околу 300 уметници од 19 земји, како и голем број домашни уметници. Драмската програма започнува утре со изведбата на претставата „Сестрите Прозорови“ на Чехов, во изведба на Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес

Најавувајќи ја програмата, уметничкиот директор на Фестивалот, Антонио Монда, го опиша филмот на Манчевски како „прекрасен“. Тој додаде дека годинава Фестивалот е во знакот на жената: елегантен и стамен, поими кои реферираат и на „Врба“, кој говори за мајчинство, љубов и доверба

Француската кинематографка ги освои симпатиите на жирито со филмот „Невидливиот живот на Евридика Гузмао“. „Сребрена камера 300“ доби Џинсонг Донг за филмот „Езеро дивите гуски“, „Бронзена камера 300“ му беше доделена на Даниеле Ципри за филмот „Пирани“ додека „Мала камера 300“ заврши кај Констанца Сандовал. Со награда „Златна камера 300“ за животно дело од Битола замина Јоргос Арванитис

„Охридско лето“ својот официјален почеток го бележи со концертот на оперската певица Ана Липша Тофовиќ на 4 август во далечната 1961 година. Манифестацијата од година во година се развива по нагорна линија, прераснувајќи во пример како треба да се организира, одржува и негува еден фестивал. Од 1994 година е редовен член на Европската асоцијација на фестивали, асоцијација која на последниот состанок во Лисабон го смести „Охридско лето“ меѓу трите најреномирани манифестации од таков вид на стариот континент

Високата гостинка од Италија вечерва ќе прошета по црвениот тепих до Центарот за култура каде
свечено ќе и’ биде врачена наградата „Златна камера 300“ за особен придонес во светската
филмска уметност. Освен неа, во Битола, синоќа пристигна и Роџер Дикинс, лауреатот на „Златна камера 300“ за животно дело