Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манчевски со „Врба“ награден на фестивал во Порто

0
By Нова ТВ on March 9, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 9, 2020 10:28

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ја освои наградата за најдобар филм во програмата Недела на режисерите на 40. издание на филмскиот фестивал „Фантаспорто“ во Порто, Португалија, еден од 20. водечки во светот. Наградата е именувана по легендарниот португалски режисер „Мануел де Оливеира“ .

Во соопштението до медиумите се наведува дека наградата на сцената во Порто, Манчевски ја посвети на извршниот продуцент на „Врба“, Ник Пауел, британската продуцентска легенда, кој почина лани во ноември, една недела по светската премиера на филмот.

„Убава награда во убав град. Мило ми е што „Врба“ го наоѓа патот до срцето на гледачите во повеќе земји“, изјави Манчевски за наградата.

Ова е третпат како Манчевски е лауреат на „Фантаспорто“ – во 2016 година доби Награда за кариера при што имаше и ретроспектива на неговите филмови, а во 2017 година „Бикини Мун“ ја освои специјалната награда на жирито во истата програма Недела на режисерите.

Минатата недела „Врба“ беше прикажан во главната конкуренција за награди на ФЕСТ во Белград, а од мај, филмот ќе игра на редовниот кинорепертоар во Србија.

„Врба“  по „Фантаспорто“ овој месец ќе има и американска премиера, во селекцијата за награди на фестивалот „Синеквест“ во Сан Хозе и Редвуд Сити, Калифорнија (3-15 март) еден од најстарите и најреномирани фестивали во САД, по што следуваат фестивалите во Софија и Истанбул. Минатиот месец, „Врба“ имаше премиера и во Нов Зеланд и доби награда за најдобар филм на камерниот фестивал за независни филмови во Велингтон.

„Врба“ Милчо Манчевски награда Порто фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.