Browsing: ФИФА

Причина е истрагата што против Марко Поло дел Неро ја водат американските власти кои уште во 2015 година го обвинија на рекет и перење пари, но тој, сепак, ќе остане на функција во неговата родна земја

Извлекувањето на групите е закажано за 16 часот. Честа да бидат водители ја добија легендарниот англиски фудбалер Гари Линекер и руската спортска новинарка Марија Команднаја, улогите на асистенти им припаднаа на Никита Симонјан, Лоран Блан, Гордон Бенкс, Фабио Канаваро, Кафу, Диего Марадона, Карлес Пужол и Диего Форлан

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го објави конечниот изглед на четирите шешири за ждрепката за групите за мундијалот во Русија во 2018 година. Формирањето на групите е закажано за 1 декември во Кремљ

Мечевите ќе се играат во репрезентативни термини, официјално би почнале во 2019 година и со неа ќе бидат опфатени репрезентации од сите континенти врз основа на позициите на ранг листата. Натпреварувањето ќе трае во тек на целата година пришто националните тимови ќе бидат поделени во три дивизии.

Глобата за Албанците е за некоректно однесување на нивните навивачи за време на натпреварот против Македонија во Струмица во квалификациите за СП 2018. Од истите причини е санкционирана и ФФМ. Вкупно гледано, фудбалскиот сојуз на западниот сосед е казнет со 215,000 „швајцарци“ во циклусот, македонската федерација со 22,500 франци

Со документот што е задолжителен се предвидуваат и низа погодности за навивачите како влез во Русија без виза, бесплатни патувања меѓу градовите домаќини на натпреварите и бесплатен градски превоз на денот на одигрување на мечевите. Продажбата на влезниците за мундијалот ќе почне во четврток и ќе трае до 15 јули догодина кога е закажано големото финале

Националниот тим со пад за три места во однос на мајското рангирање. Шанса за подобрување на позицијата се претстојните дуели со Турција и Шпанија во Скопје. На врвот на листата без промени, Полска се израмни со „црвената фурија“ на десеттото место

Конечната одлука ќе биде донесена на Конгресот во Бахреин во мај оваа година. Африканците би имале 9 места, Азијците осум, по шест од зоните КОНКАКАФ и КОНМЕБОЛ и едно за Океанија. За последните две места би разигрувале шест тима на турнир во организација на домаќинот на мундијалот