Browsing: ФИФА

Конечната одлука ќе биде донесена на Конгресот во Бахреин во мај оваа година. Африканците би имале 9 места, Азијците осум, по шест од зоните КОНКАКАФ и КОНМЕБОЛ и едно за Океанија. За последните две места би разигрувале шест тима на турнир во организација на домаќинот на мундијалот

Португалецот ги обедини двете најпрестижни награди за играч на планетата за 2016 година. По онаа на „Франс фудбал“ ја понесе и на Светската фудбалска асоцијација. Каталонците забранија присуство на свои претставници во Цирих

Изгледот на трофејот е дело на Ана Барбиќ Катичиќ. тежок е 6,4 килограми, изработен е од компанијата „Адон Продакшн“ крај Цирих и за првпат ќе биде доделен на свечената церемонија во понеделник во Швајцарија

Претседателот на косовскиот фудбалски сојуз, како причина за таквото тврдење, го наведе одложување на изградба на стадион во Приштина. Притоа нагласи дека тоа не е притисок врз властите во земјата туку чиста реалност

Транспарент со ваква содржина беше истакнат на стадионот во Пиреја во мечот со БиХ во квалификациите за СП 2018, Украина е казнета со 60.000 франци за палење на српското знаме, санкционирани и британските федерации за истакнување на политички пораки

Замислата е, наместо во декември како што беше случај досега, мечевите да се играат во јуни, а таквиот формат би бил применлив од 2019 година. Барселона со три титули е најуспешна екипа на турнирот, на трофејот се радуваше и Пандев со Интер во 2010 година