Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлог за СП 2026: Европа со 16 тима, плус места и за Африка и Азија

0
By Нова ТВ on March 30, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 30, 2017 21:49

Европа да има 16 репрезентации, наместо досегашните 13, Африка со девет, Азија со осум претставници, по шест од зоните КОНКАКАФ (Северна и Средна Америка и Карибите) и КОНМЕБОЛ (Јужна Америка) и една од Океанија. Ова е предлог на Одборот за проширување на мундијалите при Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за СП 2026 со 48 учесници, а конечната одлука ќе биде донесена на Конгресот во Бахреин во мај оваа година.

За двете преостанати места е замислено да разигруваат шест селекции на турнир во организација на домаќинот на СП. Меѓу нив ќе нема национални тимови од стариот континент, два се планирани од конфедерацијата на домаќинот на мундијалот и по еден од останатите четири фудбалски зони. Домаќинот и натаму ќе има загарантирано учество со таа разлика што конфедерацијата би имала еден репрезент помалку.

Проширувањето на Светските фудбалски првенства беше усвоено по предлог на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино во јануари оваа година. Идејата е 48. репрезентации да бидат поделени во 16 групи по три тима, во нокаут фазата би продлжиле најдобрите две од секоја конкуренција или вкупно 32.

Европа досега даваше 13 селекции, Јужна Америка и Африка по пет, Азија четири, а КОНКАКАФ зоната три. Бројката од 32 репрезентации се дополнуваше со интерконтинентални баражи меѓу претставници од КОНКАКАФ и Океанија, односно, Јужна Америка и Азија.

Формати на досегашните Светски првенства

Уругвај/1930 година – Учествуваа 13 репрезентации поделени во четири група од кои една со четири тима, а во три имаше по три. Првопласираните обезбедуваа место во полуфинале

Италија/1934 година – Учествуваа 16 селекции, се играше нокаут фаза од почеток до крај

Бразил/1950 година – Беа планирани 15 тима, учествуваа 13 кои беа поделени во четири групи. Победниците од нив формираа нова, финална, група во која се играше по принципот „секој до секого“. Репрезентацијата со најмногу бодови беше шампион

Швајцарија/1954 година – Беа формирани четири групи по четири репрезентации. Секоја од нив, наместо три меча, играше по два во групната фаза. Двете најдобропласирани продолжуваа во нокаут фаза

Шведска/1958 година – Турнир со четири групи по четири репрезентации. Секоја играше по три меча, двете најдобри селекции продолжуваа во нокаут фазата

Западна Германија/1974 година – Турнир со 16 репрезентации поделени во четири групи. Двете најдобри селекции продолжуваа во втор круг и се формираа нови две групи по четири тима. Победнивите во нив играа во финале, а второпласираните за трето место

Шпанија/1982 година – Прво Светско првенство со 24 тима што беа поделени во шест групи. Двете најдобри д секоја одеа во втор круг што значеше нови четири групи со три репрезентации. Првопласираните во нив играат во полуфинале

Мексико/1986 година – Шест групи со четири репрезентации. Двете првопласирани од секоја конкуренција и четирите најдобри третопласирани тима влегуваа во нокаут фаза

Франција/1998 година – Учествуваа 32 репрезентации поделени во осум групи. По две најдобри од секоја група одеа во нокуат фаза

Историја СП 2026 ФИФА Формат фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.