Browsing: финале
Планираната прослава на Скопје и воопшто на цела Македонија повторно ја украде Ѓер во денот во кој шампањското се ладеше од изутрина, па и, веројатно, однапред испечатените „limited edition“ маички со наслов „ШАМПИОНИ“ ќе останат само спомен на едни прекрасни години и за ракометарките и за ракометни фанови
„Старата дама“ во финалето на Купот на Италија ги декласира „росонерите“ со 4:0. Сите четири погодоци на „Олимпико“ паднаа во второто полувреме од кои два беа дело на Бенатија, еден на Коста, а последниот беше автогол на Калиниќ
Тимот од Мадрид го совлада Арсенал со 1:0 за трето европско финале во последната декада што го дофати и францускиот прволигаш од Марсеј со гол во 116 минута против Салцбург. Австрискиот бундеслигаш го доби основниот дел со 2:0, резултат со кој и Олимпик славеше како домаќин
„Црвено-црните“ во финалето го совладаа ППД Загреб со 26:24 (полувреме: 14:13) за четврти триумф во регионалното натпреварување во кое ја покоруваа конкуренцијата и во сезоните 2011/12, во 2013/14 и во 2016/17
„Црвено-белите“ го совладаа Морнар со 88:69 (по четвртини: 26:19, 26:18, 16:19, 20:13) за конечни 2:1 во полуфиналната серија подобар од три со што обезбедија пресметки со Будуќност за тронот во регионалното натпреварување. Шампион ќе биде екипата која ќе стигне до три победи во финалето. Серијата за титулата почнува на 9 април во Белград
МЗТ Скопје Аеродром успеа да ја совлада Блокотехна со 78:89 и обезбеди пласман во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија. Актуелниот…
По четирите неуспешни обиди, „фуријата“, конечно, го запоседна континенталниот трон по победата во финалето против Шведска со 29:23
„Триколорите“ поведоа со 2:1 во финалето во Лил по триумфот во двојки на Гаске и Ербер против Бемелманс и Де Лор со 6:1, 3:7, 7:6, 6:4. Утре ќе се играат последните два меча во сингл во кои Цонга за противник ќе го има Гофан од 13,30 ч., а ако биде потребно по нив на теренот ќе излезат и Пуј и Дарсис
Давид Гофан во воведниот меч го совлада Лук Пуј со 3:0 (по сетови: 7:5, 6:3, 6:1), а за израмнување на „триколорите“ се погрижи Жо Вилфред Цонга кој со идентичен резултат го порази Стив Дарсис (по сетови: 6:3, 6:2, 6:1)
„Змајчеки“ во финалето на континенталното првенство во Истанбул ја совладаа Србија со 93:85 (по четвртини: 20:22, 36:25, 15:20, 21:18) за прв медал на континенталните турнири
Девојката од Флорида во сеамериканското финале во Њујорк, прво од 2002 година (сестрите Вилијамс), ја порази сонародничката Медисон Киз со 6:3, 6:0 за прва гренслем титула во нејзината кариера, но и за испишување на една од најубавите спортски приказни во 2017 година
Шпанската тенисерка едноставно беше немилосрдна кон Романката нанесувајќи ѝ го еден од најтешките порази во кариерата. Шампионката на Вимблдон загуби само еден гем во меч што се најавуваше и очекуваше да биде неизвесен и со три сета, а траеше само 56 минути, за конечни 6:1, 6:0















