Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: финале
За титулата во елитното натпреварување во Кардиф на 3 јуни играат Реал Мадрид и Јувентус, девет дена претходно во Стокхолм ќе се пресметаат Манчестер Ј. и Ајакс во вториот европски фудбалски ранг. Победниците од двата меча ќе се судрат на 8 август во Скопје за трофејот во континенталниот Суперкуп
Шпанскиот состав во финалето го совлада турски Банвит со 63:59. Третото место го освои Монако по триумфот над Валенсија со 91:77
„Црвено-црните“ го архивираа првиот трофеј во третото учество во ВРХЛ лигата по победата над Будуќност со 27:25. Бронзениот медал на турнирот во Скопје го освои екипата на Крим Меркатор која во дуелот за трето место беше подобра од Подравка со 31:25
Русинката во финалето беше подобра од Јелена Остапенко од Летонија со 6:3, 6:1
Наполи ја совлада „старата дама“ со 3:2 во реванш полуфиналната пресметка на „Сан Паоло“, но „бјанконерите“ продолжуваат во натпреварувањето благодарение на триумфот со 3:1 во првата средба
Тимот од Малага ја совлада Валенсија со 63:58 за 2:1 во финалната серија во натпреварувањето и во наредната сезона, по пауза од седум години, повторно ќе биде дел од елитната конкуренција на стариот континент
Белграѓани во мајсторката го совладаа Будуќност со 82:59 (по четвртини: 21:15, 14:14, 32:22, 15:8) за севкупни 2:1 во полуфиналната серија и трето финале во низа во регионалното кошаркарско натпреварување
Тимот од Загреб славеше во мајсторката против Партизан со 87:78 и со вкупни 2:1 ја доби полуфиналната серија „подобар од три“. Хрватскиот претставник за титулата ќе игра со Црвена звезда или Будуќност. Финалната серија почнува на 10 април
Во 139. финале во кариерата, Швајцарецот го совлада Рафаел Надал со 6:3, 6:4 за негова, вкупно, 91 титула на АТП турот
„Светците“ во финалето го поразија Монако со 4:1. Дракслер, Ди Марија и на двапати Кавани погодија за бранителот на тронот за седми триумф во натпреварувањето, четврти во низа. Единствениот за екипата од Кнежевството беше дело на Лемар
Швајцарецот во финалето го порази сонародникот Стен Вавринка со 6:4, 7:5 за вкупно 90 турнирски трофеј во поединечна конкуренција во кариерата, петти во Калифорнија колку што има и Новак Ѓоковиќ
Британецот во финалето го совлада Фернандо Вердаско со 6:3, 6:2 за 45 турнирска победа во кариерата и 13 во 14 меч против шпанскиот ривал