Browsing: финале

До седмото финале во Мелбурн, српскиот тенисер стигна по триумфот над Лукас Пуј со 6:0, 6:2, 6:2 за само 83 минути игра. Односот на силите на терен најдобро го отсликува фактот дека Французинот освои прв гем во мечот на почетокот на вториот сет. Шпанецот, пак, во полуфиналето беше подобар од Стефанос Циципас со 6:2, 6:4, 6:0. За титулата кај дамите ќе играат Пера Квитова од Чешка и Јапонката Наоми Осака

„Триколорките“ во финалето на турнирот што се играше во нивната земја ја совладаа Русија со 24:21 (полувреме 13:12) и за првпат во историјата се закитија со континентално злато за обединување на најважните титули во светскиот ракомет со оглед дека лани го освоија и мундијалот во Германија по триумфот над Норвешка (23:21)

Норвежанецот од Тонсберг го порази Фабијано Каруана од САД во мечевите за титулата во Лондон до која стигна преку брзопотезните партии, откако сите 12 без временско ограничување за потези завршија со реми

Реванш мечот во финалето во Копа Либертадорес е закажан на 9 декември во 20.30 ч. по средноевропско време на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Лутите аргентински ривали во него ќе влезат со 2:2 од првата средба на легендарната „Бонбоњера“ во Буенос Аирес

Сите 12 партии меѓу Норвежанецот и Американецот во Лондојн завршија со реми. За денеска се предвидени четири брзопотезни партии. Ако и по нив е нерешено ќе се оди на пет серии по два блиц меча, па доколку победник сè уште нема, за титулата ќе решава т.н. „Армагедон игра“. Едно е сигурно. Шаховскиот свет го очекува долг и напорен ден во кој можеби ќе нема победник на партија, но, секако, ќе има шампион

Решавачката победа за составот на Жељко Крајан ја обезбеди Марин Чилиќ во дуелот со Лук Пуј. Моментно седмиот светски рекет славеше со 7:6, 6:3, 6:3 и го откажа петтиот меч за кој беа најавени Цонга и Чориќ

Хаосот во Буенос Аирес не запира ниту денеска. Низ улиците во градот е како болно поле. Реванш финалето меѓу Ривер Плата и Бока јуниорс е презакажан за вечерва (21 ч.), но постои можност за ново пролонгирање на мечот. Властите во меѓувреме го затворија стадионот на Ривер Плата, а локалната полиција не е во состојба да гарантира безбедност иако за одржување на јавниот ред и мир синоќа беа ангажирани околу 2.000 полициски службеници