Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: фудбал
Чилеанецот потпиша договор на три години со Каталонците кои на Баерн Минхен ќе платат 18 милиони евра за неговите услуги
„Милионерите“ ја активираа откупната клаузула од неговиот договор од Тијанџин Теда и добија квалитетно засилување во средниот ред во пресрет на новата бундеслигашка сезона
Фантастичниот дефанзивец е дете на „росонерите“. Целата своја кариера во копачки ја мина во „црвено-црниот“ дрес и од 1984 година до 2009 година одигра 902 средби во сите натпреварувања (647 во Серија А). За репрезентацијата на Италија настапи во 126 средби во кои постигна седум гола
До петтиот триумф во натпреварот што означува почеток на новата сезона во Англија, прв по 2012 година, „граѓаните“ стигнаа по победата над Челзи со 2:0. Двоен стрелец за актуелниот шампион во Премиерлигата беше Аргентинецот Серхио Агеро
За македонскиот фудбалски репрезентативец интерес пројавија повеќе европски клубови, а најсериозна беше понудата од француски Лил. Но, сепак, реши да остане на „Максимир“
„Росонерите“ се обврзаа на Јувентус да му исплатат 18 милиони евра, но презедоа и обврска да го откупат неговиот договор по завршување на сезоната 2018/19 за двојно поголема сума. Аргентинецот на „Сан Сиро“ ќе има годишна плата од седум и пол милиони евра колку што заработуваше и во Торино
Новата трка за „Скудето“ започнува на 18 август и ќе трае до 26 мај догодина. Првата полусезона ќе финишира на 29 декември, втората ќе почне на 20 јануари. Улогата на бранител на титулата ја има „старата дама“, овојпат драстично засилена со ангажманот на Кристијано Роналдо
„Кариоките“ беа елиминирани од Белгија во четврт-финалето на мундијалот во Русија, но очигледно тоа не се одрази врз неговото работно место во националниот тим на чие кормилото ќе остане до Светското првенство во Катар
Рома се подготвуваше за дочек на бразилскиот напаѓач кога одеднаш се случи неочекуван пресврт. По неговиот потпис во последен момент се вклучи Барселона, понуди пет милиони евра повеќе од 36-те на италијанскиот клуб и го привлече во своите редови
Тетовци вечерва на „Филип Втори“ арената го совладаа молдавскиот првак со 1:0. Стрелец на единствениот погодок на средбата беше Бесарт Ибраими од слободен удар во 24 минута. Реваншот е во вторник во Тираспол. Победникот од двомечот во третото коло за ЛШ на мегдан со Салцбург, поразениот оди во третото квалификациско коло за Лига Европа во кое за противник ќе го има подобриот од средбите меѓу исландски Валур и Санта Колома од Андора
Василија и Алексеј ја завршија кариерата во ЦСКА Москва на 36 годишна возраст. Со „армејците“ имаат шест шампионски титули во руската Премиерлига, седум во националниот куп, пет во рускиот Суперкуп и една во Купот на УЕФА во 2005 година
Португалската фудбалска ѕвезда на заминување ид Реал Мадрид се раздолжи и со шпанска држава која го товареше за затајување на данок во периодот од 2011 година со 2014 година