Browsing: фудбал

Екипата од „Џузепе Меаца“ им подари разочарување на симпатизерите кои, пак, очекуваа три бода на стартот на сезоната со оглед на многуте засилувања во летниот преоден рок. Но, наместо три бода добија бледа игра од своите миленици. Парма испушти два гола предност против Удинезе (2:2), Рома со минимален триумф против Торино

Македонскиот интернационалец, вообичаено, беше стартер за „бордо“ тимот и во листата на стрелци за запиша во 32. минута. Но, цел меч не одигра поради исклучувањето во 77 минута (втор жолт картон)

По триумфот во минатата сезона со 1:0, „морските галеби“ славеа над великанот од „Олд Трафорд“ и во тековното издание на Премиерлигата. Конечни 3:2 за тимот од јужниот брег на Англија што, секако, ќе придонесе да „пука“ од самодоверба во соблекувалната на Крис Хатон за мечевите што ќе следуваат

„Академците“ ја совладаа Беласица со 2:0 во градското дерби на Струмица со двата гола на Марио Крстовски. Скопските „црвено-црни“ за гол подобри од Ренова во Тетово, шампионот, пак, одигра без голови против Македонија на стадионот во Ѓорче Петров

По убедливите 3:0 на „Ред Бул“ арена во првата средба, австрискиот првак го совлада македонскиот со 1:0 и во реваншот во Скопје за продолжување на патот кон клупската елита на стариот континент. Стрелец на единствениот гол на „Филип Втори“ вечерва беше Андре Рамалјо во 90’+2’ минута. Простор за очајување нема од причина што тетовци ги очекува бараж двомеч со подобриот од Рознеборг и Корк Сити за групна фаза во УЕФА Европа лигата

Ова го тврди Ернесто Кастилјо, спортски коментатор во земјата на „гаучосите“. Според него, ѕвездата на Барселона нема донесено одлука за дефинитивен крај на кариерата во националниот туку решил само да „олади глава“

Баварците го декласираа Ајнтрахт во Суперкупот со 5:0 и тоа на неговиот стадион во Франкфурт. Главна ѕвезда на тревникот беше Роберт Левандовски. Полскиот репрезентативец го постигна првиот хет-трик во историјата на натпреварот