Browsing: фудбал

Вицепрвакот од ланската сезона и актуелен лидер во тековната го совлада градскиот ривал со 6:1 и со овие три бода, многу веројатно, ќе презими на првото место на табелата во домашниот фудбалски шампионат. По двапати погодија Ибраими и Хасани, по еднаш Жуниор и Шефити, полесниот за номиналните домаќини беше дело на Мишковски

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец и носител на „Златната топка“ од 2001 година се пронајде во ново хоби. Кариерата ја заврши во 2013 година во екипата на Стоук, по повлекувањето од зелените терени е повремено ангажиран како аналитичар во емисии посветени на Премиерлигата, а според пишувањата во англиските медиуми негова нова страст се коњите. Неодамна дебитира како џокеј во хуманитарна трка во Ескот во која со грлото „Калдер Принс“ го освои второто место

Фудбалерите на Вардар запишаа нов, петти, пораз во дебитантското учеството во групната фаза во Лига Европа. Освојувачот на УЕФА купот и Суперкупот од 2008 го совлада македонскиот првак со 2:1 и остана на лидерската позиција во Л конкуренција и заедно со Реал Сосиедад осигура меѓународна пролет. „Црвено-црните“ на 7 декември во Скопје ќе играат против Розенборг во последното шесто коло

Поранешниот член на Реал Мадрид, на Милан, на Манчестер сити и краток период на Гвангжу Евергранде, а сега на Атлетико Минеиро, е прогласен за виновен за сексуален напад врз 22 годишна Албанка во дискотека во Милано во јануари во 2013 година

Со голот на Михаел Ланг во 90 минута, швајцарскиот состав, на својот „Сент Јакоб Парк“, го шокира Манчестер јунајтед, потсети на сезоната 2011/12 во која, исто така, славеше над „црвените ѓаволи“ со 2:1 и остана на второто место во групата А кое води во нокаут фазата. „Светците“ го декласираа шкотскиот состав со 7:1, а Атлетико во Мадрид триумфира над Рома со 2:0. Јувентус и Барселона во дербито на вечерта во Торино одиграа без голови

Ливерпул имаше убедливи 3:0 против Севилја по пола час игра, но на крајот мораше да се помири со реми и пропуштање на првата меч топка на „црвените“ за пласман меѓу најдобрите 16 во Лигата на шампиони на УЕФА

Со триумф вечерва, европскиот првак и премиерлигашот ќе обезбедат нокаут фаза во елитното натпреварување на коло до крајот на групната фаза. На претставниците на Турција и на Украина им е потребен и бод за осминафинале

Македонскиот репрезентативец ја продолжи соработката со кипарскиот прволигаш до крај на натпреварувачката 2019/20. На тимот од Ларнака му пристапи лани и оттогаш забележа 47 настапи што ги круниса со 25 погодоци

Тавекио го презеде раководењето со Федерацијата во 2014 година. Беше предложен како претседателски кандидат од првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, но поддржан и од Ањели од Јувентус, Галијани од Милан, Перкаси од Аталанта и Презиоси од Џенова. Неговиот мандат беше исполнет со разни скандали, но елиминацијата на „азурите“ од Шведска во бараж двомечот за СП 2018 беше причина да понесе одговорност и да се повлече од функцијата

Македонскиот репрезентативец се впиша во листата на стрелци во 54 минута. Беше дел од стартниот состав на екипата од „Иланд роуд“ и заменет во четвртата минута од судиското надополнување на средбата

Тетовските „црвено-црните“ го совладаа Скопје со 4:0 и повторно пренесоа притисок врз шампионот дека нема право на кикс вечерва (18 ч.) на „Телеком арена“ против Пелистер во последниот меч од 16. коло во фудбалското првенство на Македонија