Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италијанскиот фудбал без претседател: Карло Тавекио поднесе оставка

0
By Нова ТВ on November 20, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 20, 2017 14:15

Елиминацијата на Италија од Шведска во баражот за Светското првенство во Русија однесе уште една фудбалска глава на Апенините. По Џанпјеро Вентура, под притисок на јавноста, медиумите и навивачите, оставка поднесе и првиот човек на италијанската федерација (ФИГЦ), Карло Тавекио (74).

Тавекио го презеде раководењето со Федерацијата во 2014 година. Беше предложен како претседателски кандидат од првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, но поддржан и од Ањели од Јувентус, Галијани од Милан, Перкаси од Аталанта и Презиоси од Џенова. Во битката за власт во ФИГЦ го победи Деметрио Албертини кој во трката најавуваше свежа крв во италијанскиот фудбал.

Тавекио ја почна кариерата како банкар меѓутоа набрзо влезе и во политиката. Цели 20 години беше градоначалник на неговото родно место Понте Ламбро паралелно со фудбалскиот стаж и функциите што ги имаше по разни организации и аматерски лиги. До 2007 година беше без посериозен ангажман и истата година, сепак, успеа да дотурка до позицијата потпретседател на ФИГЦ.

Италијанската јавност повеќе го памети по лоши одошто по добри нешта. Неговиот мандат беше исполнет со разни скандали за расизам, сексизам, корупција за што, велат, не е непозната сфера за него со оглед дека од 70. години на минатиот век дури пет пати бил осудуван за различни кривични дела како подмитување, фалсификување, затајување на данок. Но, поразот на Италија од Шведска во бараж двомечот за СП 2018 го стави во тесно и не остави многу простор за менавар, па понесување на одговорност и повлекување од функцијата дојде како единствена логична последица од него.

Италија Карло Тавекио ФИГЦ фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.