Browsing: фудбал

Вардарци ја освоија ракометната Лига на шампиони, вардарки освоија сребро на Фајналфор турнирот. Македонската млада фудбалска репрезентација настапи на ЕП во Полска, фудбалерите на Вардар беа дел од групите во Лига Европа. Антиќ, пак, со Фенербахче триумфира во Евролигата

Португалецот денеска работеше со полн капацитет и заедно со соиграчите, па оттука и очекувањата да биде во стартниот состав на Зинедин Зидан против Барселона. Дербито во Примера е утре од 13 часот на „Сантијаго Бернабеу“

На изборното Собрание на Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) што се одржа денеска во Загреб, поранешниот репрезентативец на „коцкестите“ доби 48 гласа, тројца беа воздржани, а против гласаше само Дарио Шимиќ

„Црвено-жолтите“ притоа се нотирани како национален тим со најголем напредок во изминатите 12 месеци по падот на 162 позиција лани во декември што значи скок за 86 скалила. Во топ 10 без никакви промени. Лидер е Германија (1.602 бода) пред Бразил (1.483) и Португалија (1.358)

Единствениот гол на „Олимпико“ за триумф на „волчицата“ над Калјари го постигна Федерико Фацио во четвртата минута од судиското надополнување на времето. Наполитанците се нови лидери на табелата по победата над Торино со 3:1 и поразот на Интер од Удинезе со 1:3. Словачкиот репрезентативец го постигна својот 115 погодок за тимот од „Сан Паоло“ и се израмни со легендарниот Аргентинец

Со погодокот на Кристијано Роналдо од слободен удар во 53 минута, „кралевите“ го совладаа бразилски Гремио со 1:0 во финалето во Абу Даби и по третпат го подигнаа трофејот во натпреварувањето по 2014 година и 2016 година

Причина е истрагата што против Марко Поло дел Неро ја водат американските власти кои уште во 2015 година го обвинија на рекет и перење пари, но тој, сепак, ќе остане на функција во неговата родна земја

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија погоди на „Марко Антонио Бентегоди“ во Верона за триумф на неговиот тим над истоимениот домаќин со 1:0 во последниот натпревар од 15. коло во Серија А

Чаирчани триумфираа над шампионот со 2:0 во меч од 18 коло во домашното првенство, тетовци ги нокаутираа битолчани под Шара со 3:0 и се одлепија на 14 бода на врвот на табелата во однос на скопските „црвено-црни“ кои патем имаат два меча помалку – одложените против Работнички и против Академија Пандев поради настапите во Лига Европа