Езџан Алиоски го прослави третиот гол во дресот на Лидс во англискиот Чемпионшип. Македонскиот репрезентативец го постигна попладнево во триумфот на тимот од „Иланд роуд“ над Мидлсборо со 2:1. Во листата на стрелци се запиша во 54 минута за водство во тие моменти со 2:0. Првиот гол за домашните беше дело на Ернандез во 25 минута, единнстениот за гостите го постигна Асомбалонга од пенал во 78 минута.

Алиоски беше стартер во домашната екипа и одигра, речиси, цел натпревар. Играта ја напушти во четвртата минута од судиското надополнување во тактичката замена на тренерот Томас Кристијансен.

Претходно Алиоски погоди на гостувањата против Брентфорд и против Нотингам форест. Лидс моментно е на седмото место на табелата со 26 бода колку што има и Мидлсборо на шестата позиција.