Browsing: фудбал

Германскиот репрезентативец се согласи за продолжување на престојот во Лондон до 2021 година и со неделна заработувачка од 350.000 фунти ќе биде најплатен играч во историјата на 13 кратниот англиски фудбалски шампион

Бразилската фудбалска легенда, Пеле, завршил во болница откако колабирал поради замор. Пеле има 77 години. Овој викенд требаше да биде…

Францускиот менаџер, според извори што важат за добро информирани, сака што поскоро да го комплетира трансферот на Габонецот кој меѓу „топчиите“ би пристигнал како замена за Алексис Санчез иако Кина се споменуваше како можна наредна дестинација во кариерата на напаѓаќот на Борусија Дортмунд

„„Старата дама“ го совлада Калјари на Сардинија со 1:0 во последниот меч од 20. коло, нејзиниот менаџер пак, го запиша 200. триумф во конкуренцијата и 100. на клупата на италијанскиот шампион, но мораше предвреме да ги менува повредените Паоло Дибала и Сами Кедира

Бразилецот потпиша пет и пол годишен договор со Каталонците според кој ќе заработува 14 милиони евра. Откупната клаузула за него е 400 милиони евра. Поплатен од него на „Камп Ноу“ ќе биде само Лионл Меси. Се огласи и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп кој призна дека ниту тој ниту управата на клубот не можел да сторат ништо за задржување на напаѓачот

Португалецот го зададе решавашкиот удар во последното вербално препукување со италијанскиот колега и го наврати на четиримесечната суспензија што актуелниот менаџер на Челзи ја доби во сезоната 2012/13 бидејќи не сторил ништо да спречи лажирање на резултат како тренер на Сиена

Шокантниот детаљ од договорот на Аргентинецот со Барселона го објави весникот „Ел Мундо Депортиво“. Репрезентативецот на „гаучосите“ го условил своето останување доколку екипата се натпреварува во Примера, во Премиерлигата, во во Бундеслигата или во француската Лига 1. Се додека покраината е дел од Шпанија, сумата за негов откуп изнесува 700 милиони евра