Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: фудбал
„Росонерите“ и „нероазурите“ забележаа победи со 3:0 против Кротоне, односно, Фиорентина, римјаните со 1:0 ја поразија Аталанта во Бергамо во воведното коло од новата сезона во фудбалскиот шампионат во Италија
Црвено-црните“ подобри од прилепчани со 4:0 во второто коло од прволигашката конкуренција. Тигран Барсегјан во четвртата минута, Дамир Којашевиќ во судиското екстра време на првиот дел и Бразилците Итало во 68 минута и Луис Фелипе во 86 беа стрелци за македонскиот шампион за втора победа без примен гол во низа под водство на Чедомир Јаневски
Лондонските „сини“ славеа со 2:1 со головите на шпанскиот интернационалец од кои првиот дојде од слободен удар што го изведе „а ла“ Дејвид Бекам во 24 минута, вториот го постигна по асистенција на Педро во 88. Единствениот за „спарси“ беше автогол на Миши Бачуаи по три минути од влегувањето во игра на местото на Алваро Мората
Голот на поранешниот член на ПСЖ и на Реал Мадрид во 47 минута беше доволен за конечен триумф на екипата на Марк Хјуз, но и како казна за Арсен Венгер кој продолжи со експерименти во составот. Прва радост и за Ливерпул во новата сезона по минималните 1:0 против Кристал палас на „Енфилд“
Баји, Лукаку, Погба и Марсијал беа стрелци на головите за „казнената експедиција“ на Жозе Мурињо на „Либерти“ стадионот во Кардиф за одличен вовед во новата сезона
Екипата од „Месталја“ славеше пред своите гледачи против Лас Палмас со 1:0, со истиот резултат и Легањес го порази Алавес
Санчез пристигна во Амстердам во 2016 година од екипата на Атлетико Насионал за сума од пет милиони евра. За холандскиот прволигаш лани одигра 46 меча со ефект од шест гола и две асистенции
Францускиот интернационалец и италијанскиот шампион најдоа заеднички јазик за тригодишна соработка за што на сметката на ПСЖ легнаа 20 милиони евра
Новиот вардаров менаџер предупредува на потребата од ладни глави и дека нема место за еуфорија. Зад екипата се само 90 минути и има уште толку до посакуваната цел – пласман на македонски претставник во групите во Лига Европа или во Лигата на шампиони што е сон од осамостојувањето
Триумфот на Вардар над Фенербахче е одекна како бомба на стариот континент и оценет како сензационален по првите плеј-оф мечеви…
По два гола за „росонерите“ постигнаа Андре Силва (13 минута и 28 минута) и Рикардо Монтоливо (25 минута и 85 минута), по еднаш Захов го совладаа и Фабио Борини во 67 минута и Лука Антонели во 69 минута во првиот плеј-оф меч за Лига Европа за формален реванш по седум дена во Скопје
„Црвено-црните“ го совладаа турскиот гигант со 2:0, резултат каков што само можеше да посака Чедомир Јаневски во дебито на клупата. Барсегјан во 20 минута и Топал во втората од судиското продолжение го решија победникот вечерва на „Телеком арена“. Реваншот е на 24 август во Истанбул