Browsing: фудбал
Втори по „галантност“ за засилувања се екипите од Серија А со 735 милиони фунти, трета е француската Лига 1 со 590 милиони фунти, бундеслигашите потрошија 550 милиони фунти, последна од најсилните пет шампионати во Европа е шпанска Примера со 500 милиони фунти
„Триколорите“ славеа со 4:0 против „лалињата“ за чија среќа и Шведска загуби од Бугарија во Софија со 3:2. Очекувани победи на Швајцарија, на Португалија и на Унгарија во групата Б. БиХ прокоцка 0:2 во Никозија и на крајот загуби од Кипар со 3:2. Хет-трик на Лукаку и Муние во убедливата победа на Белгија против Гибралтар со 9:0
По завршување на сезоната, 19 годишниот напаѓач ќе потпише договор со „светците“ до 2022 година и ќе биде втор најскап фудбалер во историјата. Тимот од Монте Карло догодина ќе добие 145 милиони евра и плус уште 35 милиони преку бонуси што богатите арапски газди ќе ги чини вкупно 180 милиони евра
Лацио се засили за тековната сезона со Португалецот Нани. Крилниот фудбалер пристигна во Рим како позајмен играч од екипата на Валенсија која само за отстапката ќе добие два милиона евра. Лацијалите, пак, ќе имаат право на откуп на неговиот договор со тимот од „Месталја“ наредното лето. На „Олимпико“ во Нани гледаат адекватна замена за Балде Кеита
Трансферот на досегашниот играч на Арсенал го потврдија и на „Енфилд“ без притоа да наведат финансиски детаљи од договорот освен дека е потпишан за неколку сезони. Медиумите во Велика Британија шпекулираат дека услугите на англискиот репрезентативец ќе ги чини „црвените“ околу 35 милиони фунти
Младиот руски голгетер пристигна во Скопје од екипата на Тракаи, која летово беше елиминирана од Шкендија, и се обврза на тригодишна верност кон македонскиот фудбалски првак
Продажбата ќе почне на 1 септември (петок) и ќе биде поделена во два дела. До 10 септември ќе може да се набават блок влезници што по тој датум ќе биде невозможно да се купат сезонски пакети туку само за поединечен меч.. Првиот на „Телеком арена“ е на 14 септември против Зенит, на 19 октомври ќе гостува Реал Сосиедад, а на 7 декември и Розенборг
Селекторот Игор Ангеловски беше принуден да упати дополнителен повик што го адресира до Мите Цикарски како замена за повредениот капитен на Шкендија, Ферхан Хасани
Социјалните мрежи се преплавени со фотографии на Црногорецот во дрес со бројот 10 што досега беше сопственост на 18 годишниот напаѓач кој, според ТВ „Скај“ ќе оди на едногодишна позајмица во ПСЖ, а „светците“ притоа се обврзале да го откупат неговиот договор наредното лето за 180 милиони евра.
Македонскиот репрезентативец во финишот на преодниот рок ја прифати понудата на Ференцварош и потпиша договор на три години со унгарскиот прволигаш од Будимпешта. Негова замена во средниот ред на „црвено-црните“ е 23 годишниот српскки интернационалец кој во Скопје доаѓа од Корона Кјелце од Полска
Рашфорд и Фелаини влегоа од клупата и во само 12 минути ги пробија гостите од „Кинг Пауер“ стадионот на задоволство на спринтерот од Јамајка кој беше на трибините на „Олд трафорд“. Лукаку во 53 минута не успеа да реализира пенал
Тивкиот работник на теренот, но и надвор од него, му пресуди на Фенербахче во судиското надополнување на реваншот плеј-офот за печат на „црвено-црната“ мисија наречена групна фаза во УЕФА Европа лигата















