Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: гласање
Вкупно 7.861 болни и изнемоштени лица го оствариле своето право на глас во вториот ден на предвремените парламентарни избори. Што се однесува до лицата кои се наоѓаат во домови за вонсемејна грижа, од вкупно 357 пријавени избирачи во оваа категорија, гласале 234, а во казнено-поправни установи 1.235 лица, соопшти портпаролот на ДИК, Адмир Шабани на синоќешната прес-конференција
Од 357 пријавени избирачи во домовите за стари лица, гласале 231. Во казнено-поправните установи, пак, од 1.657 запишани избирачи, гласале 808. Од лицата кои се пријавиле за гласање во домашен притвор, досега се изјасниле седуммина, соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски
На социјалните мрежи и на дел од порталите се појавија наводни резултати од гласањето на лицата во домашен карантин и…
Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) објавени на нивната веб-страна, денеска треба да гласаат 8.855 болни, немоќни и хронично болни чии пријави се прифатени од ОИК. Гласање ќе се спроведува и во 13. Казнено-поправни установи, а во посебните изводи од Избирачкиот список се запишани 1.657 гласачи, како и пријавени лица во домашен притвор. Гласање ќе има и во 17 старечки домови каде правото на глас ќе можат да го остварат 357 гласачи, а правото на глас ќе може да го остварат и шест внатрешно раселени лица
Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски појасни дека појавената разлика во бројките што биле соопштени од претходно е поради одредени приговори од граѓани што пристигнале во меѓувреме и истите биле разгледани и прифатени. Утре (вторник) гласаат болните и изнемоштените чиј број изнесува 8.852, потоа 1.657 лица во 13. казнено-поправни установи и шест внатрешнораселени лица. Правото на глас, пак, во 17. старечки домови ќе можат да го остварат 357 гласачи. Од денешното и од утрешното гласање, ДИК не објавува резултати, туку само бројка на излезност
Во општина Гостивар денеска гласаат 26 лица. Утре правото на глас од дома ќе го остварат 184 лица кои се…
Ова се најспецифичните избори досега бидејќи се одржуваат со задолжителна препорака за почитување на мерките за заштита од Ковид-19
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на избирачко место во средното училиште „Јосип Броз Тито“ ќе спроведе симулација на безбедно гласање…
Рокот за пријавување за гласање на лицата со Ковид-19 и во (само)изолација, на болните лица, на изнемоштените и на лицата…
Членот на Државната Изборна Комисија, Борис Кондарко информира дека граѓаните нема да смеат да одат на гласање со маски со амблеми на политички партии, бидејќи тоа ќе се третира како агитирање на избирачкото место што е забрането со закон
Според членот на ДИК, Борис Кондарко, членовите на Посебните Избирачки Одбори (ПИО) ќе бидат опремени со лична заштитна опрема која се состои од: мантил за еднократна употреба, ракавици за еднократна употреба, стандардна заштитна маска и средство за дезинфекција. Членовите на ПИО, според утврдените задолжителни препораки, заштитната опрема ја менуваат по завршување на гласањето во домот на секој гласач
На 13 јули (понеделник), според Уредбата, ќе гласаат лицата во домашен карантин поради позитивен тест на Ковид-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат, а ден подоцна и немоќните и хронично болни лица.