Browsing: Горан Пандев

Реализација на капитенот на македонската репрезентација од 45. минута не беше доволна за бод(ови) на Џенова да излез од опасната зона на табелата. Рома славеше на „Луиџи Ферарис“ со 3:1 и ги остави домаќините на претпоследното место со само 14 бода. Јувентус во последниот меч од неделната програма ја совлада Парма со 2:1

Премиерата е против Летонија на националната арена „Филип Втори“ со почеток во 20.45 часот. Пристапот останува непроменет како и формацијата во насока на единствена цел – континуитет од настапите од последните десетина натпревари вклучувајќи ги и доминантните во Лигата на нации. Но, и за победнички белег на јубилејниот 100. меч на капитенот во „црвено-жолтиот“ дрес колку што претходно одигра и Гоце Седлоски

Капитенот на македонската репрезентација мина еден час на клупата пред Чезаре Прандели да реши да го испрати на терен со надеж дека токму тој може да направи разлика. И ја направи. Во 72. минута му асистира на Стефано Стураро за 1:0, а во 81. минута со мајсторски удар и самиот се запиша во листата на стрелци за конечни 2:0 на „Луиџи Ферарис“ во Џенова