Browsing: Гоце Делчев

Според бугарскиот европратеник, во основа на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија не е современата реалност, туку толкувањето на историјата, па затоа заедничката македонско-бугарска комисија своите заклучоци треба да ги базира на факти и историски извори, а не на толкувања на одделни историчари

Ова се вели во реакцијата од претседателскиот Кабинет и се додава тоа не значи оти претседателот Пендаровски не треба да соработува со професорот Малески, бидејќи како што е наведено, „одамна е зад нас времето кога сите советници на претседателот и на премиерот, до последен, имаа задача само да ги повторуваат ставовите на своите претпоставени“

Бугарското ВМРО, чиј лидер е тамошниот вицепремиер, во соопштение до медиумите вели дека „Скопје не сака да признае оти Гоце Делчев е Бугарин, факт што бил очигледен, документиран и признат лично од него“. Според Каракачанов, македонските политичари сугерирале Комисијата да се обедини околу одлуката дека Гоце Делчев е деец на македонското ослободително дело, кој бил почитуван и од народот на Бугарија, пренесува бугарски „Дневник“