Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: гренслем
Србинот имаше 6:3, 2:0 во моментот кога Словакот одлучи да се повлече, Швајцарецот, пак, водеше со 6:3, 3:0 кога Долгополов беше принуден да се откаже. Во второто коло продолжија и Раониќ, Монфис, А. Зверев, Дел Потро. Кај девојките, Кербер, Ка. Плишкова и А. Радванска со убедливи настапи, елиминирани пет носителки – Пављученкова, Гаврилова, Бертенс, Дејвис и Жанг
Рускиот тенисер во воведното коло го елиминира третиот светски рекет со 6:4, 3:6, 6:4, 6:1. Енди Мареј и Рафаел Надал на рутина до второ коло. Носителките ги оправдаа фаворитските улоги на стартот. Халеп, Свитолина, Конта, В. Вилијамс и Квитова без загубен сет минаа натаму
Дуелот меѓу македонската и српската тенисерка е најавена за утре попладне
Шпанецот во финалето го совлада Стен Вавринка со 6:2, 6:3, 6:1 и стана прв тенисер со двоцифрен број титули на еден гренслем турнир
Најдобриот светски рекет во моментот по вторпат во кариерата го совлада Мартин Клижан, овојпат со 6:7, 6:2, 6:2, 7:6 и во третото коло ќе игра против 29 носител, Хуан Мартин дел Порто. Чешкиот тенисер загуби од Карен Качанов од Русија, а темпераментниот Австралиец од Кевин Андерсон
Зголемувањето во однос на ланското издание е за 12,5 отсто. Победниците во машка и во женска конкуренција ќе добијат по 2,2 милиона фунти
Повозрасната од сестрите истакна дека е горда на себе што воопшто стигнала до финале во Мелбурн и дека горда на Серена која ја освои 23 гренслем титула, седма на Австралија опен, што значи и враќање на првото место на ВТА листата
Женското финале на Австралија опен носи деветта пресметка на американските сестри чие ривалство трае две децении и важи за евергрин во тенисот. Двете имаат вкупно 29 гренслем трофеи во сингл. Мечот е утре во 09,30 ч.
Роже Федерер е највозрасен кај мажите со 35 години пред Вавринка кој има 31 и Надал со 30. Венус Вилијамс, пак, е со најмногу години кај жените (36), Серена има 35, Лучиќ-Барони има 34