Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ролан Гарос: Мареј мина во трето коло, Бердих и Кирјос запрени

0
By Нова ТВ on June 1, 2017 СПОРТ
Фото: rolandgarros.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 1, 2017 23:23

Енди Мареј ја „преживеа“ и втората пречка на Ролан Гарос. Најдобриот светски рекет во моментот по вторпат во кариерата го совлада Мартин Клижан, овојпат со 6:7, 6:2, 6:2, 7:6 и во третото коло ќе игра против 29 носител, Хуан Мартин дел Порто.

Британецот беше јасно дека не е најзадоволен од својата игра. Сè уште е во потрага по својот ритам, а згора на тоа против себе имаше и ривал со ограничено движење поради повреда на скочниот зглоб. И во таква состојба Словакот не се предаваше, па иако направи и 67 неизнудени грешки, сепак, прописно го намачи Мареј и го задржа три ипол часа на теренот „Сузан Леглан“.

„Очекував дека ќе биде тешко. Тој освои неколку добри поени и со својот форхенд можеше да погодува винери. Имаше неверојатна сила во неговите удари и од дефанзивни позиции. Како одминуваше мечот почнав да го упатувам топчето во длабочина и да ги диктирам поените. Не сакав да играм петти сет и успеав да го избегнам“, рече Мареј по дуелот со Клижан.

Карен Качанов, 53 на АТП листата, во три сета (7:5, 6:4, 6:4) го елиминира Томаш Бердих. Резултатот на Русинот можеби е неочекуван, но никако не е во ранг на сензација ако се има предвид лошата форма во која се наоѓа чешкиот тенисер веќе подолго време. Настапот на гренслемот во Париз заврши и за Ник Кирјос. На темпераментниот Австралиец му пресуди Кевин Андерсон во четири сета (5:7, 6:4, 6:1, 6:2).

Халеп, А. Радванска и Ка. Плишкова во трето коло, Бушар се прости со Париз

Симона Халеп многумина ја гледаат како наследничка на Гарбине Мугуруза на тронот на Ролан Гарос. Во Париз допатува во добра форма од Мастерсите во Мадрид и во Рим, а потврди дека може далеку и на Отвореното тениско првенство на Франција. Во второто коло ја порази Германката Марија со 6:4, 6:3 за дуел со Дарија Касаткина во третото.

Фото: rolandgarros.com

Победи во второто коло од фаворитките прославија и втората носителка Каролина Плишкова од Чешка над Александрова 6:2, 4:6, 6:3 и деветтата носителка Агнешка Радванска против Белгијката Ван Ујтванк (6:7, 6:2, 6:3).

Јуџин Бушар е најзвучното име кај дамите што е елиминирана во петтиот натпреварувачки ден. Кобна за Канаѓанката беше Севастова од Летонија која славеше со убедливи 6:3, 6:0.

Ролан Гарос – Комплетни резултати од натпреварувачки ден број 5

МАЖИ, 2 КОЛО

Мареј (1., В. Британија) – Клижан (Словачка) 6:7, 6:2, 6:2, 7:6

Вавринка (3., Швајцарија) – Долгополов (Украина) 6:4, 7:6, 7:5

Монфис (15., Франција) – Монтеиро (Бразил) 6:1, 6:4, 6:1

Чилиќ (7., Хрватска) – Кравчук (Украина) 6:3, 6:2, 6:2

Нишикори (8., Јапонија) – Шарди (Франција) 6:3, 6:0, 7:6

Дел Потро (29., Аргентина) – Алмагро (Шпанија) 6:3, 3:6, 1:1 (Алмагро го предаде мечот)

Лопез (Шпанија) – Ферер (30., Шпанија) 7:5, 3:6, 7:5, 4:6, 6:4

Андерсон (Ј. Африка) – Кирјос (18., Австралија) 5:7, 6:4, 6:1, 6:2

Качанов (Русија) – Бердих (13., Чешка) 7:5, 6:4, 6:4

Едмунд (В. Британија) – Оливо (Аргентина) 7:5, 6:3, 6:1

Изнер (21., САД) – Лоренци (Италија) 6:3, 7:6, 7:6

Чунг (Ј. Кореја) – Истомин (Узбекистан) 6:1, 7:5, 6:1

Куевас (22., Уругвај) – Кикер (Аргентина) 6:4, 6:4, 6:4

Фоњини (28., Италија) – Сепи (Италија) 6:4, 7:5, 6:3

Вердаско (Шпанија) – Арбер (Франција) 6:3, 3:6, 4:6, 6:3, 6:3

ЖЕНИ, 2 КОЛО

Корне (Франција) – Стрицова (20., Чешка) 6:4, 6:1

Ка. Плишкова (2., Чешка) – Александрова (Русија) 6:2, 4:6, 6:3

А. Радванска (9., Полска) – Ван Ујтванк (Белгија) 6:7, 6:2, 6:3

Халеп (3., Романија) – Марија (Германија) 6:4, 6:3

Гарсија (28., Франција) – Паке (Франција) 7:5, 6:4

Витхефт (Германија) – Парментие (Франција) 6:4, 7:6

Свитолина (5., Украина) – Пиронкова (Бугарија) 3:6, 6:3, 6:2

Севастова (17., Летонија) – Бушар (Канада) 6:3, 6:0

Суарез Наваро (21., Шпанија) – Кирстеа (Романија) 7:5, 6:4

Касаткина (26., Русија) – Вондрусова (Чешка) 7:6, 6:4

Веснина (14., Русија) – Лепченко (САД) 4:6, 6:3, 6:0

Линете (Полска) – Коњух (29., Хрватска) 6:0, 7:5

Хсиех (Тајпеј) – Таунсенд (САД) 6:0, 2:6, 6:3

Дуке Марино (Колумбија) – Рибарикова (Словачка) 1:6, 6:3, 8:6

гренслем Енди Мареј Ролан Гарос Симона Халеп тенис Томаш Бердих
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.