Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вимблдон почна со сензација: Медведев го елиминира Вавринка

0
By Нова ТВ on July 3, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 3, 2017 23:07

Данил Медведев (21) се погрижи за сензација на Вимблдон уште во првиот натпреварувачки ден. Рускиот тенисер во воведното коло го елиминира Стен Вавринка со 6:4, 3:6, 6:4, 6:1, но дебитантското учество на гренслемот во Лондон може да потрае за него со оглед дека нареден негов ривал е 124. светски рекет, Рубен Бемелманс од Белгија.

Затоа, пак, Енди Мареј и Рафаел Надал на рутина ги минаа првите пречки на неофицијалното светско тениско првенство. Британецот, кој е прв носител и бранител на титулата, го совлада Александар Бублик од Казахстан со 6:1, 6:4, 6:2, а Шпанецот лесно излезе на крај со Џон Милман за конечни 6:1, 6:3, 6:2.

Пласман во второто коло од позвучните тенисери обезбедија и Марин Чилиќ (7 носител), Кеи Нишикори (9 носител), Жо Вилфред Цонга (12 носител), Американците Сем Квери (24 носител) и Стив Џонсон (26 носител) и Фабио Фоњини (28 носител).

Настапот од носителите, покрај Вавринка, го завршија Ник Кирјос (20), Иво Карловиќ (21) и Фернандо Вердаско (31).

Резултатски потреси од сличен тип немаше во мечевите во женска конкуренција. Фаворитските улоги без загубен сет ги потврдија Романката Симона Халеп (2 носителка), Украинката Елина Свитолина (4), Британката Џоана Конта, Американката Венус Вилијамс и Петра Квитова од Чешка. Победнички вовед на Вимблдон и за Доминика Цибулкова која, сепак, мораше добро да се испоти во дуелот со Андреа Петковиќ (6:3, 3:6, 9:7).

Запрени носителки во првиот натпреваруваки ден се само Хрватката Мирјана Лучиќ Барони (26) и Италијанката Роберта Винчи (31).

Комплетни резултати на Вимблдон од натпреварувачки ден 1

МАЖИ, 1 КОЛО

Мареј (1., В. Британија) – Бублик (Казахстан) 6:1, 6:4, 6:2

Надал (4., Шпанија) – Милман (Австралија) 6:1, 6:3, 6:2

Медведев (Русија) – Вавринка (5., Швајцарија) 6:4, 3:6, 6:4, 6:1

Чилиќ (7., Хрватска) – Колшрајбер (Германија) 6:4, 6:2, 6:3

Нишикори (9., Јапонија) – Чекинато (Италија) 6:2, 6:2, 6:0

Цонга (12., Франција) – Норие (В. Британија) 6:3, 6:2, 6:2

Пуј (14.,Франција) – Јазири (Тунис) 6:7, 6:4, 6:4, 7:6

Милер (16., Луксембург) – Фусовиц (Унгарија) 7:5, 6:4, 6:2

Баутиста Агут (18., Шпанија) – Хајдер Маурер (Австрија) 6:3 6:1, 6:2

Ербер (Франција) – Кирјос (20., Австралија) 6:3, 6:4 (Кирјос го предаде мечот)

Бедене (В. Британија) – Карловиќ (21., Хрватска) 6:7, 7:6, 6:7, 7:6, 8:6

Квери (24., САД) – Фабијано (Италија) 7:6, 7:5, 6:2

Џонсон (26., САД) – Кикер (Аргентина) 6:4, 7:5, 6:3

Фоњини (28., Италија) – Турсунов (Русија) 6:1, 6:3, 6:3

Качанов (30., Русија) – Кузнецов (Русија) 7:6, 2:6, 6:3, 1:6, 6:2

Андерсон (Ј. Африка) – Вердаско (31., Шпанија) 2:6, 7:6, 7:6, 6:3

Пер (Франција) – Дутра Силва (Бразил) 6:4, 3:6, 7:6, 6:4

Гојовчик (Германија) – Копил (Молдавија) 7:6, 2:6, 6:3, 6:1

Сепи (Италија) – Гомбош (Словачка) 6:2, 3:6, 6:2, 6:1

Болели (Италија) – Лу (Тајван) 6:3, 1:6, 6:3, 6:4

Весели (Чешка) – Марченко (Украина) 6:1, 4:6, 4:6, 7:5, 6:1

Јановиц (Полска) – Шаповалов (Канада) 6:4, 3:6, 6:3, 7:6

Росол (Чешка) – Лаксонен (Швајцарија) 4:6, 7:5, 6:3, 6:4

Стаховски (Украина) – Бенето (Франција) 6:3, 7:6, 2:6, 6:2

Џумхур (БиХ) – Оливо (Аргентина) 6:2, 6:0, 6:1

Басилашвили (Грузија) – Берлок (Аргентина) 6:4, 7:6, 6:1

Маер (Германија) – Троицки (Србија) 6:1 (Троицки го предаде мечот)

Браун (Германија) – Соуза (Португалија) 3:6, 7:6, 6:4, 6:4

Монтеиро (Бразил) – Витингтон (Австралија) 4:6, 6:3, 7:6, 7:6

Бемелманс (Белгија) – Хас (Германија) 6:2, 3:6, 6:3, 7:5

Јанг (САД) – Истомин (Узбекистан) 5:7, 6:4, 6:4, 6:2

ЖЕНИ, 1 КОЛО

Халеп (2., Романија) – Ераковиќ (Нов Зеланд) 6:4, 6:1

Свитолина (4., Украина) – Барти (Австралија) 7:5, 7:6

Конта (6., В. Британја) – Хсиех (Тајван) 6:2, 6:2

Цибулкова (8., Словачка) – Петковиќ (Германија) 6:3, 3:6, 9:7

В. Вилијамс (10., САД) – Мертенс (Белгија) 7:6, 6:4

Квитова (11., Чешка) – Ларсон (Шведска) 6:3, 6:4

Киз (17. САД) – Хибино (Јапонија) 6:4, 6:2

Севастова (18., Летонија) – Путинцева (Казахстан) 6:1, 7:6

Гарсија (21., Франција) – Цепелова (Словачка) 6:1, 6:1

Стрицова (22., Чешка) – Сепеде Ројг (Парагвај) 6:3, 6:3

Витхефт (Германија) – Лучиќ Барони (26., Хрватска) 6:3, 5:7, 8:6

Коњух (27., Хрватска) – Лисицки (Германија) 6:1, 6:4

Кр. Плишкова (Чешка) – Винчи (31., Италија) 7:6, 6:2

Вотсон (В. Британија) – Жаневска (Белгија) 6:1, 7:6

Хадад Маја (Бразил) – Робсон (В. Британија) 6:4, 6:2

Богдан (Романија) – Дуан (Кина) 6:4, 6:2

Бренгл (САД) – Хогенкамп (Холандија) 6:3, 6:3

Пенг (Кина) – Вондрусова (Чешка) 6:7, 6:0, 6:4

Џорџи (Италија) – Корне (Франција) 5:7, 6:4, 6:4

Осака (Јапонија) – Сорибес Тормо (Шпанија) 6:3, 7:6

Скијавоне (Италија) – Минела (Луксембург) 6:1, 6:1

Абанда (Канада) – Нара (Јапонија) 6:2, 6:4

Бегу (Романија) – Броуди (В. Британија) 6:4, 6:2

Сабаленка (Белорусија)  Хромачева (Русија) 6:3, 6:4

Сакари (Грција) – Синијакова (Чешка) 6:3, 6:4

Брејди (САД) – Ковиниќ (Црна Гора) 6:3, 6:1

Ванг (Кина) – Чанг (Тајван) 6:3, 6:4

Вимблдон гренслем Данил Медведев Стен Вавринка тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.