Browsing: Грција

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска на прес-конфренција рече дека Република Грција испратила вербална нота поради менувањето на таблата со уставното име на државата во Министерството за труд и социјална политика

Аналитичарите во земјава се едногласни дека Преспанскиот договор е завршена работа и неосновани и нереални се најавите за негова ревизија или поништување по предвремените парламентарни избори закажани на 12 април

Пратениците гласаа со прозивање и имаа избор или да го кажат името на Сакеларопулу што значи глас „за“ или да кажат „присутен“ што е еднакво на глас „против“. Позитивно се изјаснија пратениците од „Нова демократија“, од СИРИЗА и „Движењето на промена“, а „присутни“ гласаа 33 пратеници од „МЕРА25“, Комунистичката партија на Грција и „Грчко решение“. На специјалната седница во грчкиот Парламент гласаа 294 од 300 пратеници од кои 261 беа „за“ предлогот на владата за нов претседател на државата

Навремено плаќање на комуналните услуги претставува проблем за една третина или 36 отсто од гршките домаќинства, покажува новото годишно истражување на јавното мнение на ЕУ за приходите и условите за живот (EU-SILC). На второ место е Бугарија со 30 отсто од домаќинствата кои не се способни навремено да ги плаќаат своите сметки во последните 12 месеци

Транс-анадолскиот гасовод денеска официјално започна да пренесува гас до европскиот дел од јужниот гасен коридор на границата меѓу Турција и Грција. На свеченоста на пуштање во употреба на системот денеска присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Националните енергетски ресурси, Бајрам Реџепи

Во некои делови од кампот „Морија“, има еден тоалет за 200 луѓе, а на Самос е уште полошо еден за 300 луѓе. Само да ве потсетам дека меѓународните стандарди се еден тоалет за 20 луѓе, вели Христос Христу, меѓународен директор на невладината организација „Доктори без Граници“. Заклучно со 21 ноември 2019, на грчките острови во источниот дел на Егејското Море престојуваат 38.479 бегалци и мигранти, најголемиот број од нив – 18.163 се на Лезбос, а 15.946 се сместени во кампот Морија, кој има капацитет да прими 2.840 лица

Даночната политика, инвестициите, односот кон работниците и дигитализација на земја се четирите области кон кои ќе биде фокусирана грчката Влада во наредните 12 месеци

Центар на економските и политички случувања и вниманието на грчката јавност викендот ќе биде насочено кон Солун каде премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис како и секоја година, со традиционалниот говор на отворањето ќе ги открие следните чекори и активности на неговата влада