Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас: Грција е лидер на Балканот и повеќе не е „црна овца” во Европа

0
By Нова ТВ on April 13, 2019 СВЕТ
Фото: thetimes.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 13, 2019 15:42

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека со зачленување на Грција во Иницијативата „16 + 1“ што ја сочинуваат земјите од Централна и Источна Европа и Кина, неговата земја ја потврдила својата водечка улога на Балканот и ја обновила репутацијата.

Грчкиот премиер изјави дека неговата земја е центар на поврзувањето на регионот и столб на стабилноста, безбедноста и соработката во североисточниот Медитеранот, особено по потпишувањето на Преспанскиот договор.

„Грција пред четири години беше неуспешна земја, „црна овца“ во Европа, без пристап до големите предизвици и случувањата во регионот и во конфликт со своите соседи“, рече Ципрас и нагласи дека земјата денеска ја признаваат сите и ја почитуваат, која излезе од големи економски проблеми и ја врати репутацијата.

Грчкиот премиер, исто така, истакна дека Грција требала да биде членка на Иницијативата „16 + 1“ од 2012 година, но дека Кина и други 16 земји не ја прифаќале токму поради „конфликтот” со северниот сосед, кој беше во таа организација, но под своето старо име.

„Грција очигледно не можеше да учествува“, рече Ципрас, додавајќи дека сите во Грција верувале дека грчката позиција за името на северниот сосед сите ја следат, а што беше погрешно.

Во групата „16+1“ членуваат 11 членки на Европската унија (ЕУ) и пет балкански држави меѓу кои и Македонија. Покрај нашата земја, дел од иницијативата се Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија.

Алексис Ципрас Група „16+1“ Грција членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.