Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ји: Македонија да се спротивстави на руското влијание и дезинформации

0
By Нова ТВ on October 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 3, 2017 10:09

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Хојт Ји смета дека е исклучително важно Македонија да се спротивстави на руското влијание. Во интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат М Ји истакна дека Македонија треба да работи во насока на зајакнување на независни медиуми и да ги избегне, како што рече, дезинформациите од Русија.

-Гледаме дека Русија се обидува да го обесхрабри, интеграцијата на земјите од Западен Балкан во НАТО и ЕУ. Важно е Македонија да работи со нас, со ЕУ и со партнерите во регионот, да продолжи да се противи на малигните влијанија од било кој извор кој ќе дојде, да продолжи да ја јакне независноста на медиумите, важно е да има силни, професионални, независни медиуми кои ќе се спротивстават на дезинформациите од Русија или други извори, вели Ји.

https://www.youtube.com/watch?v=T4A63jyzGI8

Ји исто така смета дека за земјата е м ногу е важно да се утврди одговорноста за нелегалното прислушување и за наводните владини злоупотреби во врска со прислушувањето.

-Тоа ќе биде клучен чекор за Македонија да ги увери НАТО, ЕУ и другите меѓународни партнери дека е подготвена да се интегрира во тие организации, истакна заменик-помошник државен секретар на САД.

– Тоа е важно и за граѓаните на земјата да се уверат дека е воспоставено владеење на правото. Ги повикуваме сите политички партии, политички и владини лидери, членовите на Парламентот, да сторат се што можат да биде спроведена правдата, СЈО да ја добие потребната поддршка за да си ја заврши работата и да нема политички притисок врз обвинителите и судиите од инволвираните во утврдување на одговорноста. Тоа треба да се направи во разумен рок и да не се одолговлекува, истакна Хојт Ји.

Клучно за иднината на Македонија, според него, е и да се направат потребните судски реформи, кои ќе овозможат судството да стане независно, слободно од политички притисок, за да може да носи брзи и навремени одлуки, со што ќе се овозможи силно владеење на правото.

– Тоа е важно за граѓаните, за интеграцијата во НАТО и ЕУ, но и за привлекување странски инвеститори, вели Ји.

За релациите власт – опозиција во Македонија, Ји рече дека секоја демократија има потреба од силна влада, но и од силна опозиција, која нема само да блокира предлози со кои не се согласува, туку и ќе нуди алтернативи. Македонија, вели Ји, не може да си дозволи луксуз на постојани одлагања и опструкции од партиите.

– Демократско право е да се користат сите законски алатки што се во согласност со парламентарните правила. Но, обврската за одговорна, конструктивна опозиција значи не само блокирање предлози туку и нудење алтернативи. Затоа, се надеваме дека ВМРО и другите парламентарни партии ќе бидат конструктивни, дека ќе бараат компромиси кога има несогласувања. Одблиску ќе набљудуваме, исто и ЕУ. Ќе ги сметаме за одговорни оние партии или поединци кои опструираат само заради опструкција или заради лични и други намери, изјави Хојт Ји.

360 степени интервју опозиција прислушување руско влијание Хојт Ји
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.