Browsing: инвестиции

Според генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, на јавната постапка на ЕВН Хоум била понудена цена од 38,80 евра за мегават час што на крајот од годината ќе донесе профит од само 547.000 евра на државната компанија. Се доведовме на раб на опстојување и никако не можеме да ја намалиме зашто во таков случај ќе трпиме сериозни загуби и тоа ќе се рефлектира во наредните три, пет или повеќе години, додаде тој

Фармацевтскиот гигант „Алкалоид“ бележи раст на консолидираните продажби од 13 отсто, раст на консолидираната нето добивка од 18%, на инвестициите во износ од над 1 милијарда денари и 218 нови вработувања. Ова се податоци што се нотирани во соопштението на компанијата за периодот јануари-декември во 2019 година

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на предвремените парламентарни избори денеска објави дека се обврзува на инвестиции во патната инфраструктура во износ од две милијарди евра

Во средината на октомври, тогашниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев им кажа на новинарите дека „во наредните два до три месеци“ очекува да започнат подготвителни активности „за најмалку пет или шест нови значајни производствени погони“ во земјата.