Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Минималното поскапување на струјата за инвестиции во обновливи извори

0
By Нова ТВ on August 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 8, 2020 19:29

Со цената што ја дадовме на универзалниот снабдувач, се доведовме на раб на опстојување и никако не можеме да ја намалиме зашто во таков случај ќе трпиме сериозни загуби и тоа ќе се рефлектира во наредните три, пет или повеќе години, изјави генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски. Според него, на јавната постапка на ЕВН Хоум, АД ЕСМ понудила цена од 38,80 евра за мегават час што на крајот од годината ќе донесе профит од само 547.000 евра.

„Понудената цена на АД ЕСМ кон ЕВН Хоум е на ниво на рентабилност на работење на компанијата. Со носењето на новиот Закон за енергетика и либерализацијата на пазарот од први јули во 2019 година, АД ЕСМ не е регулирана компанија за продажба на електрична енергија. На тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, ние се јавуваме на аукција со наша цена која на крајот од годината ќе донесе одреден профит. Од први јули лани заклучно со јули оваа година, цената што ја дадовме на универзалниот снабдувач беше на ниво на стабилизирање на пазарот, смирување во период кога може да има турбуленции. Кога има можност за нови компании со повисоки цени да учествуваат на тендерите, ние како државна компанија учествувавме со цена која го стабилизира тој удар, односно ја држеше стабилна цената во изминатата година“, објасни Ковачевски по посетата на рудниците во РЕК Битола.

АД ЕСМ, потсети директорот, како стратешка и најголема компанија за производство на електрична енергија, треба да има свои инвестиции, посебно во обновливи извори на енергија.

„Согласно европските трендови полека треба да минеме од производство на енергија на јаглен на обновливи извори. Би ги споменал инвестициите во фотоволтаици што во моментот се градат во Осломеј, јавното-приватно партнерство од 100 мегавати во Осломеј, новите 20 мегаватни фотоволтаици во кругот на РЕК Битола, докомплетирање на ветерниот парк во Богданци и почнување постапка на нов ветерен парк во Миравци од 50 мегавати. Третата фаза на ревитализација на хидропотенцијалот во земјава кој е стар повеќе од 50, 60, па и 70 години и нормално, нашата најголема активност е насочена кон проектот „Чебрен“, односно јавното-приватно партнерство за кое постаката ќе заврши во втората половина на септември“, истакна Ковачевски.

Васко Ковачевски ЕСМ инвестиции Македонија Обновливи извори струја цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.