Browsing: избори
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави нови четири милијарди евра домашни и странски инвестиции за еден мандат, драстично намалување на невработеноста под 10 отсто, нула персонален данок за млади до 29 години што ќе значи ослободување од персонален данок за нивно вработување при годишен нето приход до 6.500 евра
Уставот е јасен, вели претседателот на Собранието, укажувајќи дека законските рокови за сите изборни дејства не може да се кратат. Битката за закон за јавното Обвинителство нема да може да се води преку скратување на законските рокови предвидени за изборниот процес
„Парламентот ниту донел одлука, ниту, пак, ќе сноси некаква одговорност ако не се придржува на договорот на шефовите на партиите за избори во април“, вели поранешниот претседател на Собранието, Тито Петковски.
Тоа, според лидерот на СДСМ, Зоран Заев било договорено со сите партии во агендата до распуштање на Собранието на 12 февруари
Обвинителката Вилма Русковска потврди дека кога дошла на чело на Обвинителството имало два отворени предмета за овој случај, но немало докази тој да се процесуира
Таа како одговорна министерка во ресор, кој е директно врзан со членството во НАТО, предупреди на опасноста од заговарање идеи за поништување или повторно отворање на Договорот од Преспа, без кој, нагласи, нема членство во НАТО, нема стопроцентна безбедност, стабилност, сигурни граници и обезбедена иднина
По состанокот на Централното претседателство на Демократската партија на Албанците во Тетово, потпретседателката Фатмире Исаку го повтори ставот на лидерот Мендух Тачи дека со останатите партии од албанскиот политички блок нема основа за соработка
Главно прашање во Хрватска по поразот на Колинда Грабар Китаровиќ е дали лидерот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ ќе го издржи притисокот и ќе успее да ги одложи внатрепартиските избори пред парламентарните
Според најновата анкета на „Ипсос“ објавена во петокот, кандидатот на СДП, Милановиќ води со 45 проценти од анкетираните гласови, додека 42 проценти ја поддржуваат Грабар-Китаровиќ. Околу 13 проценти од испитаните се изјасниле како неопределени
Првиот претседател на повеќепартиското Собрание во земјава, Стојан Андов во изјава за Нова ТВ ги толкува актуелните меѓупартиски калкулации и надмудрувања како доказ дека државата и по 30 години има сериозен хендикеп – „тоалетно третирање“ на политичките договори, кои како инструмент има клучно значење во парламентарната демократија
Владејачкото мнозинство и опозицијата постигнаа договор за усвојување на сите законски предлози од 123. собраниска седница кои се поврзани со примена од 1 јануари, изјави денеска претседателот на Собранието. Запрашан за начинот кој доведе до „примирје“ во Парламентот тој одговори – „прашајте ги Заев и Мицкоски“
Премиерот повтори дека СДСМ сака и се подготвува за избори. Како потврда за тоа ја посочи седница на Централниот одбор на партијата што е закажана за петок, кога треба да се „пресече“ за новиот технички премиер и за дополнителните заменици министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Но, додаде нема да дозволи интересот на државата да биде доведен во прашање поради нечија скриена агенда која „може да биде дури и легитимна само ако не е на штета на државата и на граѓаните“
