Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев го бара законот за ЈО, Мицкоски се заканува со политичка криза

0
By Нова ТВ on February 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 4, 2020 15:42

Иако сцената за петтите предвремени парламентарни избори беше лидерски поставена за 12 април, законот за јавно обвинителство се исфрла како меѓупартиска пречка која би можело да доведе до нивно одложување. Такво сценарио најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но и техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој во надежта дека изборите ќе се одржат во терминот договорен на лидерската средба во октомври вметна и можно одложување за месец или два.

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, датумот за изборите е завршено прашање и независи од донесувањето на законот за ЈО. Тој најави поднесување на иницијатива за распуштање на парламентот на 12 февруари, нагласувајќи притоа дека секој обид за одложување на изборите ќе предизвика нова политичка криза.

Поранешниот претседател на македонското Собрание, Тито Петковски, смета дека парламентот со чиста совест може да замижи пред договорот на лидерите.

„Парламентот ниту донел одлука, ниту, пак, ќе сноси некаква одговорност ако не се придржува на договорот на шефовите на партиите. Оската на парламентарната демократија е сосема изместена. Тоа што подолг период ни се случува повеќе наликува на некаква договорна држава. Ако продолжи праксата лидерите на политичките партии да одлучуваат наместо парламентот, во Македонија никогаш нема да важи ни Устав, ни закон. Тоа е само нивен договор без партиципација на пратеничките групи. Се договориле кај претседателот на државата и ја играат главната улога. Конечно, изборите ги распишува претседателот на Собранието, но очигледно никој не го есапи. Тој, да речеме, не присуствуваше на средбата кај претседателот на државата. Ништо не може да биде свето се додека нема закон со кој ќе се распушти Собранието, а ќе го донесе законодавниот дом“, вели за НОВА, спикерот во третиот парламентарен состав Петковски.

Според него срамно е што продолжува праксата на предвремени парламентарни избори во период кога апсолутно, како што вели, нема потреба од такво нешто.

„Ќе одиме на избори токму во моментите кога Шпанија има можност да го ратификува протоколот за членство во НАТО, а ние тоа треба да го антиципираме со одложена одлука. Според мене немаше никаква потреба од предвремени парламентарни избори. Тоа практично беше емотивна реакција на тогашниот премиер Заев по француското „не“ за датумот за отпочнување преговори со ЕУ. Неговото инсистирање на донесување на законот за јавно обвинителство и законот за одбрана е обид да се всади свест кај секого дека државните интереси како влезот во НАТО и ЕУ се над теснопартиските интереси. И во право е кога вели законот да се стави на дневен ред. Кој ќе гласа ќе гласа. Одговорноста во една држава е кај власта, но не е мала ниту на опозицијата“, вели Петковски, кој не гледа можност за подлабока политичка криза во случај да се одложат изборите, како што најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Институциите функционираат, а и повиците од клучните меѓународни фактори се јасни во поглед на важноста од донесувањето на законот за јавно обвинителство“, оценува Петковски.

Сомнежите дека е можно пролонгирање на изборите ги поттикна првичното  барање на Заев да се одложи датумот за распуштање на парламентот, а не датумот за одржување на изборите, со цел Собранието да добие дополнителни 15 дена за усвојување на неколку важни закони. Собранискиот спикер Талат Џафери тоа го отфрли. Тој посочи дека минималниот рок за спроведување на изборните дејствија е 51 ден и дека парламентот треба да се распушти на 12 февруари, за изборите да може да се одржат на 12 април. Според Џафери, отстапка од неколку денови би можел да направи само ако има договор меѓу парламентарните партии за рокот до кога би биле донесени клучните закони. Уставот предвидува предвремени избори да се одржат во рок од 60 дена од распуштање на парламентот.

„Јас се држам до Уставот и не можам да се водам од нечии индивидуални размислувања. Теоретски, рокот од 60 дена за одржување вонредни избори би можел да значи и распуштање на парламентот пет дена пред одржување на изборите. И мене лично ми одговара парламентот да се распушти подоцна, затоа што тоа би значело и продолжување на мојот мандат. Но сите знаеме дека е невозможно за пет дена да се спроведат изборните дејствија. Решението за распишување на изборите потоа значи обврска за други институции, на кои е недозволиво да им наметнуваме нереални рокови за спроведување на активностите поврзани со изборите“, рече Џафери во изјава за „360“ степени.

Инаку, во членот 63 во Устваот стои: “… Избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието. “

Доколку се работи за предвремени парламентарни избори како што е во случајот, според Изборниот законик на Државната Изборна Комисија, Член 15: “…Предвремени избори за пратеници се спроведуваат во согласност со одредбите на овој законик, а сите рокови за изборните дејствија се скратуваат за пет дена, освен рокот утврден за спроведување на изборната кампања”

Ова значи дека распуштањето за Собранието, треба да се случи 55 дена пред денот на изборите, односно со 5 дена разлика споредено со регуларните парламентарни избори, кои се одржуваат во рок од 60 дена, по распуштањето на Собранието.

Во тие рокови без некои подраматични поместување (плус, минус неколку денови) се одржуваа досегашните изборни соочувања. Така беше дури и при последните предвремени парламентарни избори кога се случија низа преседани. Познато е за јавноста дека првиот преоден премиер Емил Димитриев наместо 100 дена, ја водеше техничката Влада една и пол година. Иако во договорот од Пржино остана запишано дека изборите треба да се одржат на 24 април во 2016 година, тоа се случи со осум месеци задоцнување, откако тогашниот премиер Никола Груевски поднесе оставка на 15 јануари и го овласти Димитриев.

Во февруари се изгласа распуштање на парламентот, но опозицијата најави бојкот поради непрочистениот избирачки список, па одлуката беше отповикана. Последното распуштање на парламентот, пак, беше на 17 октомври 2016 година, а граѓаните конечно се упатија на избирачките места на 11 декември.

Во досегашната практика, Собранието се самораспушти четирипати. Првпат тоа се случи по две години од мандатот, во април 2008 година, на предлог на пратеничката група на ДУИ која во тоа време беше во опозиција. Предлогот беше прифатен од владејачкото мнозинство (ВМРО-ДПМНЕ и ДПА). На праг се петтите предвремени парламентарни избори, кои доколку се случат, ќе бидат првите кога социјалдемократите се на власт.

Заев избори криза Мицкоски одложување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.