Browsing: Јувентус

Без голови заврши реваншот меѓу шпанскиот и италијанскиот клуб на „Камп Ноу“. „Бјанконерите“ продолжуваат натаму по убедливата победа во Торино со 3:0. Монако и во реваншот подобар од Борусија Д. со 3:1

Наполи ја совлада „старата дама“ со 3:2 во реванш полуфиналната пресметка на „Сан Паоло“, но „бјанконерите“ продолжуваат во натпреварувањето благодарение на триумфот со 3:1 во првата средба

Англискиот првак ја совлада Севилја со 2:0 со головите на Морган во 27 минута и на Олбрајтон во 54. Гостите од Шпанија во завршницата останаа со човек помалку по исклучувањето на Насри, Шмајхел одбрани пенал на Нзонзи. „Старата дама“ го совлада Порто и во реваншот во Торино со 1:0

Ваквиот став на генералниот директор на клубот доаѓа како реакција на неодамнешната вест дека тренерот на бјанконерите, наводно, ги договорил детаљите за преземање на Арсенал по завршување на сезоната. Притоа е изразено задоволство од работата со првата екипа, резултатите и титулите што ги освои во изминатите две сезони

Дибала беше двапати прецизен од белата точка, за „бјанконерите“ погоди и Игуаин. Единствениот за тимот од „Сан Паоло“ беше дело на Калјехон. Утревечер (среда, 20.45 ч.) ќе играат Лацио и Рома