Browsing: кампања

Три дена пред официјализирање на полноправното членство на С. Македонија во НАТО, на социјалните мрежи започнува масовна кампања за тоа дека здравјето на граѓаните е изложено на штетното зрачење на 5G технологијата. Во контекст на овој лажен наратив злоупотребена беше информацијата дека членството во НАТО подразбира и исполнување на сите стандарди на организацијата меѓу кои и воспоставувањето на безбедни комуникации вклучувајќи ја и 5G технологијата доколку е воспоставена во било која од земјите членки на Алијансата

авниот увид трае 15 дена или до 11 март, период во кој граѓаните ќе може да доставуваат барања за запишување, допишување или бришење на податоци во него, кампањата ќе почне на 23 март и ќе трае до 10 април. Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април

По состанокот на Централното претседателство на Демократската партија на Албанците во Тетово, потпретседателката Фатмире Исаку го повтори ставот на лидерот Мендух Тачи дека со останатите партии од албанскиот политички блок нема основа за соработка

Од УЈП велат дека ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори во 2019 година склучила договор со „Полиестердеј“ за 1,3 милиони парчиња рекламен изборен материјал (маички, капчиња, запалки, пенкала, итн.) во врдност од 34.362.612 милиони денари. Од седумте фактури што ги испратила фирмата, ВМРО-ДПМНЕ платила само 11.509.796 милиони денари и останале должни 22.852.816 денари. Согласно договорот, средствата требало да бидат исплатени во рок од 60 дена по испорака на материјалот, што значи дека исплатата требало да заврши до јули оваа година. За реализација на договорот кон ВМРО-ДПМНЕ, „Полиестердеј“ врши нарачка од шпанска компанија „Горфактори“ и од македонската „Монт“ која е фирма ќерка на „Орка Холдинг“

Во периодичниот извештај на организација што се однесува од 11 март до втори април се наведуваат ограничувања на правото да се биде избиран, ускратување на избирачките права врз основа на одземена деловна способност, детална анализа на периодичните извештаи за финансирање на кампањата, законски ограничувања во врска со својството на подносител на приговори, недоволна застапеност на жените во јавниот живот

Официјалниот почеток за претставување на кандидатите за претседател и нивните програми е на 1 април и ќе трае до 19 април. Првиот круг на гласање е закажан на 21 април, вториот круг ќе биде на 5 мај. Под број еден на избирачкото ливче ќе биде Блерим Река, кандидатот на албанската опозиција, под број два Гордан Силјановска-Давкова, кандидат на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и под број три Стево Пендаровски, кандидат на коалицијата предводена од СДСМ