Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ ја почнува кампањата од Струмица, ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, ДУИ од Преспа

0
By Нова ТВ on June 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 24, 2020 10:59

Партиите и коалициите кои ќе учествуваат на предвремените парламентрани избори на 15 јули од денеска ќе ја претставуваат својата политичка понуда пред граѓаните. Иако најавија кампања без митинзи и други поголеми собири, со зголемено користење на социјалните мрежи, традиционалните медиуми, билборди и друг тип на онлајн претставувања, партиите ги стартуваат и своите теренски активности.

На првиот ден од 20 дневната изборна кампања, караванот на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе биде во Струмица и Виница, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“ изборните активности ги почнува во Охрид, Скопје, Струмица и Тетово, а ДУИ со промотивна конвенција на кандидатите во Преспа.

Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе ја отвори кампањата со презентација на програмата во својот глаев изборен штаб во Старата скопска чаршија, а ДПА со посета на гробот на Арбен Џафери и со презентација на платформата во Тетово.

Политичката платформа Македонски концепт тргнува во предизборна кампања од пред ЕУ Инфо центарот во Скопје, а ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија од Битола.

Партиите и коалициите кои ќе учествуваат на изборите, своите програми ќе можат да ги преставуваат до 12 јули во 24 часот кога завршува изборната кампања. На предвремените парламентарни избори, според поднесените листи до ДИК, ќе учествуваат 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати. Гласањето на предвремените парламентарни избори ќе се одвива три дена, а на изборниот ден ќе биде продолжено за два часа и ќе трае од 19 до 21 часот.

На 13 јули ќе гласаат лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на Ковид-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат. На 14 јули 2020 година ќе гласаат изнемоштените лица, хронично болните и останатите лица кои согласно Изборниот законик гласаат еден ден пред одржувањето на изборите. На изборниот ден, на 15 јули, избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 21 часот, два часа подолго од вообичаеното на претходните избори кога гласачките места се затвораа во 19 часот.

Алијанса на Албанците Алтернатива ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Избори 2020 ИНТЕГРА кампања Македонски концепт СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.