Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори 2020: Кампањата на средина, реториката се вжештува

0
By Нова ТВ on July 4, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 4, 2020 09:44

Кампањата за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, за правната држава и за корупцијата. Промоцијата на изборните програми продолжува и денеска, на средби со граѓани во помал формат, согласно здравствените протоколи.

СДСМ и коалицијата „Можеме“ денеска е во Крива Паланка и во Дебар, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ ќе бидат во посета на Петровец, на Илинден, во Центар и во Кисела Вода.

ДУИ и нивниот кандидат за премиер Насер Зибери ќе ја претстават програмата пред граѓаните во Тетово. Предизборниот караван на политичката платформа „Македонски концепт“ ќе биде во посета на Македонски Брод, на Крушево, на Демир Хисар и на Ресен, додека „Левица“ ќе биде во Гевгелија, а „Единствена Македонија и коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ во Прилеп.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера од општина Гази Баба, порача дека времето на национализам и лажен патриотизам е завршено.

„Најголем патриот е оној кој носи храбри одлуки за иднината. Стратешката цел за членството во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ ја остваривме. Во преговарачката рамка не случајно е напишано сите акти да се преведат на македонски јазик, на македонски не на северџански, како што оние од ВМРО-ДПМНЕ ни го навредуваат јазикот. Прво тоа е признавање, по не знам кој пат, од ЕУ на нашиот македонски јазик“, изјави Заев.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера од општина Карпош, порача дека тоа што ги прави поразлични од своите политички противници е љубовта кон својата држава.

„Ја чувствувам енергијата на промени, дека народот сака овојпат да си ја врати државата, која му беше киднапирана“, изјави Мицкоски, потсетувајќи дека македонскиот народ секогаш се исправувал и победувал и против потешки противници и пред поголеми предизвици.

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети вчера заедно со првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери одржаа собир кај Камениот мост во Скопје, од каде порачаа дека кандидатурата за премиер Албанец ќе ја зајакне стабилноста и безбедноста на земјата, а ќе има и позитивно влијание врз економијата.

Тие со обединувачка порака ги повикаа граѓаните за рушење на идеолошките и националистички ѕидови што ги делат народите и за обединување на сите кои веруваат во идеологијата „Еднаква земја“ за сите, да дејствуваат за доброто на земјата и на сите граѓани.

 

Карванот на Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ и претседателот на политичката партија „Единствена Македонија“, Јанко Бачев вчера во Куманово порача дека ќе ги поништат антимакедонските договори, фалсификуваниот попис од 2002 година и ќе спроведат попис.

Тој ги обвини двете најголеми партии дека го рушат македонскиот народ и дека изборите се на некој начин референдум на кој граѓаните одбираат дали ќе се врати државата на изворните илинденски и асномски принципи.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, вчера од општина Теарце, најави инвестиции од 500 милиони евра само за албанските населби.

„Нашата политика е поврзана со проблемите, проблемите на Албанците, каде и да се. Во нашата програма се предвидени 500 милиони евра инвестиции за четири години власт, директно за ревитализација на албанските населби“, истакна Села.

Петар Богојески од „Македонски концепт“, од општина Аеродром, вчера порача дека граѓаните сакаат промени и тоа промени кои ќе донесат подобар, достоинствен живот за нив и нивните најблиски.

„Гласот за 10-ка е глас за промена, глас за одговарање за неисполнување на политички ветувања, за следење на имотот на политичарите, за пратеници кои ќе работат волонтерски, а не за плата, за проектот 1,5 милијарди евра за обештетување на граѓаните од процесот на транзиција. Да почнеме да ги менуваме нештата на подобро и да ја вратиме државата во рацете на граѓаните“, порача Богојески.

Избори 2020 кампања партии Реторика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.