Browsing: Коронавирус

Состојбата во општините Дебар и Центар Жупа, за кои е прогласена кризна состојба поради коронавирусот, ноќеска и претпладнево е мирна, без никакви инциденти и движење на населението, соопшти премиерот на прес-конференција во Владата

Нема простор за паника, но мора да се почитуваат препораките и одлуките на надлежните институции и Владата. Не е исклучена можноста за затворање на шопинг моловите, но и на државните граници во зависност од тоа во која насока ќе се движи состојбата, порача министерот за здравство во вечерашното гостување на Нова ТВ во кое одговараше на прашања на граѓаните

Државата односно Владата да преземе обврска месецов да ги сторнира и плати каматите на граѓаните и стопанството кон банките и заемодавателите. Државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот до висина од 50 проценти, се дел од сетот анти кризни мерки за бизнисот што ги предложи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

На работа одат само оние кои имаат документ од фирмата. Во однос на купувањето, можете да одите по цигари, леб и основни продукти за јадење и без задржување и правење муабет на растојание еден од друг на два метри и забраната како што кажа претседателот Конте трае до 3 април“, велат македонски иселеници од Делчево