Browsing: кошарка
Српскиот репрезентативец се обврза на повеќегодишна верност кон „гризлите“, а покрај него на кошаркарските паркети во САД ќе играат и сонародниците Никола Јокиќ во Денвер, Богдан Богдановиќ и Немања Бјелица во Сакраменто, Бобан Марјановиќ во Далас и Ален Смаилагиќ во Голден Стејт
Рускиот тим од Санкт Петербург е 18 член во конкуренцијата за претстојната сезона во која се враќа почетното потфрлување на топката наместо почеток на нападот со топка од страна
Владимир Георгиевски доаѓа на местото на Моника Гавриловска додека Гечевски на позицијата го наследува Владимир Темелковски, функции што ги извршуваа во мандатот на Петар Наумоски. Ова се дел од одлуките на првиот Управен одбор на Кошаркарската федерација на Северна Македонија под водство на Перо Антиќ
Московскиот тим останува во континенталната елита благодарение на самиот пласман во финалето во ВТБ лига со оглед дека за ривал за титулата во регионалното натпреварување го има шампионот ЦСКА Москва
Првото финале во клупската историја репторси го осигураа по победата над Милвоки со 4:2 во завршната серија во Источната конференција. Решавачкиот триумф го остварија ноќеска со 100:94 и на тој начин ги елиминираа бакси кои имаа 2:0 по двата воведни меча. „Вориорси“, пак, кои се бранители на тронот, во западното финале го „исчистија“ Портланд со 4:0.Големото финале во НБА лигата почнува во четврток, Торонто е домаќин на првата средба
Рускиот гигант во второто полуфинале на Фајналфор турнирот во Виторија славеше над бранителот на тронот, Реал Мадрид со 95:90. Мечот за титула е во недела од 20.30 часот
„Пиварите“ од Истанбул во полуфиналето славеа со убедливи 92:73 и во мечот за титула ќе играат со победникот од вечерашниот дуел на Реал Мадрид и ЦСКА Москва што почнува во 21 часот
Тренерските великани Ивковиќ, Новосел, Тањевиќ, Маљковиќ, југословенските кошаркари од повозврасната генерација како Данеу, Шолман, Тврдиќ, Георгиевски, Радосављевиќ, Плеќаш, Јерков, но и помладите како Раѓа, Томашевиќ, Наумовски, Јанакис, Гечевски, итн. ја збогатија прославата на 80. роденден на македонската кошаркарска легенда во Скопје
Екипите на Задар и на МЗТ Скопје во плејоф финале за пополнување на кошаркарската АБА лига. Мечот во салата „Крешимир…
Заедно со хрватскиот стручњак, Подгорица ја напушти и Гога Битадзе кој играше на позајмица од Мега Бемакс, а ослободени од обврски се и Норис Кол, Девин Вилијамс, Ерл Кларс и Коти Кларк
Турскиот тим ги прегази Каталонците со 102:68 и поведе со 2:1 во четвртфиналната серија. Идентично водство има и ЦСКА Москва против Басконија по триумфот во Виторија со 84:77
„Кралевите“, кои патем се и актуелни шампиони на континентот, со 3:0 ја добија четвртфиналната серија со Панатинаикос, откако и вечерва во Атина го совладаа грчкиот состав со 89:82. Фенербахче, пак, поведе со 2:1 во четвртфиналтната серија со Жалгирис по триумфот во Каунас со 66:57