Србија го доби и шестиот кошаркар во НБА лигата за наредната сезона. Марко Гудуриќ е нов член на екипата на Мемфис Гризлис со која се обврза на повеќегодишна верност.

Репрезентативецот на Србија е дете на Црвена звезда, клуб од кој замина во Фенербахче во 2017 година. Во минатата сезона победи во натпреварот во шутирање тројки на турскиот Ол-стар, но не успеа и до титула на Фајналфор турнирот во Евролигата ниту во финалната серија на ТБЛ лигата.

Претставници на Србија, која се вбројува меѓу кандидатите за висок пласман на претстојното Светско првенство во Кина (31 август – 15 септември), покрај Гудуриќ во НБА лигата во наредната сезона ќе бидат и Никола Јокиќ во Денвер, Богдан Богдановиќ и Немања Бјелица во Сакраменто, Бобан Марјановиќ во Далас и Ален Смаилагиќ во Голден Стејт.